Свет
Медведев: САД, НАТО и ЕУ не сакаат да ги прекинат врските со Русија, затоа го туркаат Киев на преговори
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев зјави дека САД, НАТО и ЕУ не сакаат целосно да ги прекинат односите со Русија, па оттука и обидите да го турнат Киев кон преговори, пренесува Срна.
„САД, НАТО и ЕУ не сакаат целосно да ги прекинат врските со Русија. Оттука, чести се обидите да се поттикне Киев да преговара“, напиша Медведев на „Телеграм“, пренесува РИА Новости.
Зборувајќи за украинскиот претседател Володимир Зеленски, Медведев рече дека не сака да преговара од себични причини, пренесува Н1.
„Преговорите се многу опасни за него, бидејќи тој исклучително се плаши од украинските националисти“, смета Медведев.
Тој додаде дека на сите им е доста од режимот во Киев, особено, како што вели, од Зеленски, кој постојано ги разгорува страстите и изнудува повеќе пари и оружје.
Медведев додава дека НАТО и ЕУ не сакаат конечен раскин со Русија и оттука обиди да го турнат Киев кон преговори.
Дополнително, наведува Медведев, кога станува збор за ракетниот инцидент во Полска, „неуспешните обиди нападот да и се припише на Русија не беа прифатени од никого, дури ни од најзатрупаните русофоби – Полјаците“.
Зеленски претходно изјави дека Русија не се стреми кон мир, туку сака да обезбеди краткорочен одмор од непријателствата,пренесе Денес.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

