Свет
Медведев: Украина може да исчезне од картата
Украина како земја би можела да исчезне од картата како резултат на развојот на настаните, напиша поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Димитри Медведев, на својот канал на „Телеграм“, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
Според ТАСС, Медведев тврди дека Украина уште во 2014 година почнала да верува дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност.
„По државниот удар во 2014 година, Украина ја загуби својата национална независност и падна под директна контрола на колективниот Запад и почна да верува дека НАТО ќе ја гарантира нејзината безбедност“, рече Медведев додавајќи дека како резултат на сите актуелни настани може да се случи Украина да го изгуби она што остана од нејзиниот државен суверенитет и да исчезне од светската мапа.
Медведев изјави дека украинските криминалци, дефинитивно, ќе бидат кривично гонети за злосторствата извршени врз народот на Украина и Русија“, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.