Свет
Медиуми: Лица во цивилна облека пукаат во Каракас, Мадуро најави план

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави 30-дневен план за прекин на електричната енергија низ целата земја, објави АП.
Во исто време, според ТАСС, свесникот „Насионал” објави дека две лица се примени во болница со прострелни рани, откако вооружени лица во цивилна облека отворија оган врз учесниците во антивладините протести во квартот Либертадор во Каракас.
Руската агенција вели дека на фотографиите од местото на настанот се гледаат двајца мажи, од кои едниот носи нешто слично на пушка, а другиот пиштол.
Венецуелскиот дневник ја обвини неофицијалната организација на граѓани позната под заедничкото име „Колектив” која ѝ дава поддршка на актуелната влада во Каракас.
Во главниот град и во другите градови протестите беа одржани вчера поради долготрајните прекини на електрична енергија.
АП објави дека претседателот на Венецуела, Мадуро, пред чија палата се одржа еден од овие протести, објавил дека 30-дневниот план за заштеда на енергија ќе ѝ помогне на земјата да се справи со прекинувањето на електрична енергија поради што, исто така, дошло до прекин во снабдувањето со вода и прекин на комуникациите.
Се тврди дека Мадуро за време на говорот емитуван на националната телевизија предупредил дека не треба да има немири поради прекин на електричната енергија и рекол дека „колективоси“ и други провладини организации треба да го одржуваат редот во Венецуела.
Американската агенција вели дека за време на протестите на кои повика лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо, во повеќето случаи немало интервенција од страна на полицијата, но дека „колективосите“ понекогаш се појавувале на мотоцикли и им се заканувале на демонстрантите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кубилијус: „Изградете ѕид против беспилотни летала“

Европскиот комесар за одбрана Андријус Кубилијус денес повика на итна изградба на „ѕид против беспилотни летала“ по должината на источниот дел од Европската Унија, откако руски беспилотни летала утрово го нападнаа полскиот воздушен простор.
„Русија повторно ги тестира граничните држави, ЕУ и НАТО. Ќе соработуваме со земјите-членки, граничните земји и Украина. Русија ќе биде запрена“, рече тој на мрежата Икс.
Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, изјави дека одговорот на Алијансата на упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор ќе биде разгледан денес на редовната седница, како и дека претставниците на НАТО се во контакт со Полска.
Харт, во објава на мрежата Икс, истакна дека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е во контакт со полското раководство.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, исто така, изјави дека прелиминарниот извештај укажува дека руската инвазија била намерна, како и дека е во контакт со НАТО и Полска.
Полските власти претходно објавија дека собориле неколку беспилотни летала, а дека остатоците од едно се пронајдени во близина на Лублин.
Фото: принтскрин
Свет
Белорусија: Беспилотните летала се изгубени, и ние соборивме неколку

Павел Муравјеика, белорускиот заменик-министер за одбрана, тврди дека беспилотните летала случајно влегле во полскиот воздушен простор откако нивните навигациски системи биле блокирани.
Во видео на официјалниот канал Телеграм на Министерството за одбрана, Муравјеика изјавил дека беспилотните летала „се изгубиле“ и дека самата Белорусија соборила неколку беспилотни летала над сопствената територија.
Тој истакнал дека помеѓу 23:00 и 4:00 часот по локално време, белоруските сили споделиле информации со Полска и Литванија преку „комуникациски канали“ за беспилотни летала што залутале.
Белорусија, најблискиот сојузник на Русија, во последните години се соочува со влошување на односите со своите западни соседи и Украина, откако Москва ја искористи белоруската територија како појдовна точка за напад врз Киев што го започна во февруари 2022 година, пишуваат медиумите.
Полска вчера објави дека ќе ја затвори границата со Белорусија на полноќ по локално време во четврток поради воените вежби „Запад“ што се одржуваат во Белорусија. Воените вежби „Запад-2025“, што ќе се одржат во Западна Русија и Белорусија, предизвикаа загриженост кај соседните земји, членки на НАТО – Полска, Литванија и Латвија.
Фото: принтскрин
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен „Говор до нацијата“ пред Европскиот парламент, таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји-членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин