Свет
Мексиканската армија заплени 1,5 тони синтетичка дрога во камион што превезувал сокови

По дојава, мексиканските војници заплениле речиси 1,5 тони синтетичка дрога „метамфетамин“ и 149 килограми „фентанил“ во прав на контролен пункт во северната погранична држава Сонора, соопшти војската, пренесува АП.
Војниците исто така пронајдоа 816.486 апчиња за кои постои сомневање дека содржат „фентанил“, спакувани во 46 контејнери во средата.
Министерството за одбрана соопшти дека добило информација оти камионот што превезувал концентрат од овошен сок во прав до пограничниот град Тихуана превезувал и дрога, пренесе „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на германското разузнавање: Русија нема да се двоуми да го нападне НАТО

Шефот на германската разузнавачка служба БНД, Мартин Јегер, денес предупреди дека Русија нема да се двоуми да изврши воен напад врз која било земја-членка на НАТО.
„Целта на Русија е да ја заплаши Европа до точка на парализа и предавање“, рече тој на парламентарното сослушување на водечките претставници на германскиот разузнавачки сектор, пренесува Ројтерс.
Јегер нагласи дека никој не треба да се потпира на проценките дека Русија ќе биде подготвена за напад врз НАТО до 2029 година, бидејќи, како што изјави, „таков напад може да се случи и порано“.
Фото: принтскрин
Свет
Павел: Русија е главната закана за Европа

Денес на меѓународната конференција „Форум 2000“ во Прага, чешкиот претседател Петр Павел ја означи Русија како најголем непријател на европската слобода и безбедност и нагласи дека сега е јасно дека Русија никогаш не била дури ни подготвена навистина да преговара за прекин на војната во Украина.
„Мировните напори на претседателот Трамп ни дадоа можност да видиме дали Русија сака да преговара или не. Одговорот е не. Русија никогаш не била подготвена да преговара со добри намери. Наместо тоа, таа ја удвои својата цинична воена кампања“, рече чешкиот претседател на отворањето на дводневната конференција.
Павел го посвети своето воведно излагање на „Форум 2000“ првенствено на хибридни напади, особено, како што рече, на лагите и дезинформациите со кои Русија се обидува да внесе несигурност и раздор во европските демократски општества.
„Русија денес претставува главна закана за европската безбедност, слобода и демократија. Таа се стреми да го уништи нашиот демократски систем и сака да ја уништи Европа чекор по чекор“, рече Павел, пренесува Бета.
Чешкиот претседател предупреди дека војната во Украина не се води само со оружје на бојното поле, туку и со сајбер напади, дезинформации и лажење на Европејците во обид да се посее страв и недоверба кај граѓаните во нивните институции.
„Ова е сценарио што добро го знаеме во голем дел од Европа. Во Грузија, иако не сакам да го кажам тоа, Русија беше успешна, во Молдавија засега не успеа. Според една студија во Чешка, руските дезинформациски страници произведуваат повеќе содржина од медиумите“, рече Павел.
Чешкиот претседател апелираше до новата влада, без оглед на тоа како ќе биде формирана од најверојатниот иден премиер, Андреј Бабиш, да се погрижи оваа дезинформација да не исчезне и дека луѓето заслужуваат сигурни информации и автентични гласови.
„Токму затоа ни требаат силни јавни медиуми. Слободните медиуми не се доволни, ни требаат и независни универзитети и судство“, апелираше Павел до идната влада.
Петр Павел ги цитираше зборовите на чешкиот писател Карел Чапек од 1939 година за лагите во политиката, повлекувајќи паралела со денес и времето кога, со благослов на големите сили во 1938 година, Чехословачка стана плен на Хитлерова Германија.
„Во 1939 година, Чапек предупреди дека кога лагите стануваат јазик на политичарите, тие го трујат општеството и ја продлабочуваат бездната од која дури ни децениите не се доволни за да се извлече општеството. Во 1930-тите, се разбудивме доцна, денес не смееме да ја направиме истата грешка“, рече Павел.
На крајот, чешкиот претседател апелираше дека ако Европа и Чешка сакаат добра иднина за себе, но и за Русија, мора да учат од историјата и сега да ѝ помогнат на Украина да го зачува својот суверенитет и интегритет.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Му дадовме дозвола на Хамас за безбедносни операции во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хамас добил зелено светло за внатрешни безбедносни операции во Појасот Газа велејќи дека групата сака да ги запре проблемите и „ние им дадовме дозвола за одреден временски период“.
Палестинската милитантна група, која според предлогот на Трамп за прекин на војната мора да се разоружа и да престане да управува со Газа, распореди внатрешни безбедносни сили во делови од крајбрежната енклава откога примирјето стапи во сила во петокот велејќи дека сака да го запре беззаконието и грабежите и да спречи безбедносен вакуум.
„Тие сакаат да ги запрат проблемите“
Кога новинарите на „Ер форс уан“ го прашаа за извештаите дека Хамас се претставува како полиција и пука врз противниците, Трамп рече „тие сакаат да ги запрат проблемите и отворено зборуваа за тоа, а ние им дадовме дозвола за одреден временски период“.
„Имате речиси два милиона луѓе што се враќаат во уништени згради и многу лоши работи може да се случат. Затоа сакаме да бидеме сигурни дека е безбедно. Мислам дека ќе биде во ред. Којзнае“, рече Трамп.
Газа во урнатини
Поголемиот дел од Газа беше уништен за време на војната што започна со нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Безбедносните сили на Хамас се судрија со членови на кланот во градот Газа во последните два дена.
Министерството за внатрешни работи на Хамас издаде соопштение во неделата, во кое нуди амнестија за луѓето за кои вели дека се приклучиле на банди одговорни за кражба и грабежи под услов да не биле вклучени во крвопролевањето.
Фото: принтскрин