Свет
Мексико стана трета земја во светот по бројот на починати од коронавирус
Мексико стана трета земја со најмногу смртни случаи од коронавирус.
Земјата синоќа ја помина границата од 46.000 починати, јавува агенцијата „Франс“ прес врз основа на официјалните податоци.
Со тоа, Мексико веќе бележи поголема бројка на смртност од Велика Британија.
Двете земји најтешко погодени од бројот на починати се САД со 151.496 смртни случаи и Бразил со 90.134 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку петмина загинаа во бунт во затвор во Таџикистан
Најмалку пет затвореници се убиени во бунт што избувна во затвор во градот Вахдат, 20 километри источно од главниот град Душанбе, Таџикистан, а тројца затворски службеници се повредени, соопштија два извори од безбедносните агенции.
Бунтот го предизвикале затвореници кои се обиделе да побегнат од затворот.
Тие ги нападнале чуварите со импровизирани ножеви, објави Ројтерс.
Министерството за правда соопшти дека затворениците се обиделе да ги убијат чуварите и да избегаат од затворот.
Европа
Русија распоредува ракетни системи „Орешник“ во Белорусија
Руските ракетни системи „Орешник“ ќе бидат распоредени на територијата на Белорусија во согласност со договорот меѓу лидерите на двете земји, најави високиот руски дипломат Алексеј Полшчук.
„Во согласност со нашите сојузнички обврски… Русија е подготвена да му ја даде на Минск потребната поддршка и да преземе мерки за заштита на нашиот заеднички одбранбен простор“, рече Полшчук, шеф на Вториот оддел за Заедницата на независни држави во руското Министерство за надворешни работи во интервју за новинската агенција ТАСС.
Тој посочи дека, во согласност со договорот меѓу лидерите на двете земји, „руските балистички ракети со среден дострел „Орешник“ ќе бидат распоредени и во Белорусија.
Полшчук исто така, рече дека на територијата на Белорусија веќе е распоредена заедничка регионална група воени трупи и дека се распоредени современи руски одбранбени системи и нестратешко нуклеарно оружје.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко кон крајот на јануари објави дека рускиот хиперсоничен систем Орешник ќе и биде испорачан на земјата набрзо и дека може да биде распореден поблиску до регионот Смоленск, јави ТАСС.
Регион
Грција не престанува да се тресе: најсилниот земјотрес утрово со јачина од 4,9 степени, десетици семејства чекаат на пристаништето во Санторини
Утрово четири земјотреси се регистрирани во морското подрачје југозападно од Санторини, од кои најсилниот бил со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.
Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, земјотресите се случиле меѓу три и пет часот наутро, а сите четири сеизмички активности биле окарактеризирани како „слаби“, јавуваат грчките медиуми.
Во последните три дена во регионот помеѓу Санторини, Аморгос и Иос се забележани 550 земјотреси, од кои сите биле посилни од три степени според Рихтеровата скала, а најсилниот бил со јачина од 4,9 степени.
Стравувањата од нови земјотреси предизвикаа паника кај жителите на Санторини, Аморгос и околните острови.
Многумина одлучија да ги напуштат островите, што доведе до голем метеж на пристаништата, а планирани се и дополнителни фериботи и воздушни линии за оние кои сакаат да ги напуштат.
Од безбедносни причини, училиштата на Санторини, Анафи, Иос и Аморгос ќе бидат затворени до петок.
Исто така, за денеска е предвидена средба во Министерството за климатски кризи и цивилна заштита.
На состанокот ќе присуствуваат претставници на локалните власти, Противпожарната бригада, крајбрежната стража, вооружените сили и други надлежни органи.
Официјални лица процениле дека интензивната сеизмичност во регионот може да трае уште неколку дена, па дури и недели, а Манолис Скордилис, професор по сеизмологија на Универзитетот Аристотел во Солун, оцени дека ситуацијата на Санторини е исклучително сериозна и дека се можни земјотреси со јачина над шест степени.
Пристаништето на островот беше во состојба на хаос во мугрите, бидејќи многу семејства чекаа да се качат на траектот за Пиреја. Фериботите Кисамос и Блу Стар Парос сообраќаа на специјални линии.
Според последните податоци, над 9.000 луѓе (жители и туристи) го напуштиле островот, додека во зори сликата од пристаништето Санторини била неверојатна, бидејќи десетици семејства се подготвувале да се качат на бродот.