Свет
Мексико: Убиени пет луѓе во летовалиштето Канкун

Мексиканските власти објавиле дека петмина се убиени а тројца се ранети откако вооружени напаѓачи влегле во продавница покрај ресторанот во летувалиштето Канкун.
Ти пукале кон група на полицајци и меѓу убиените има еден полицаец.
Како што соопштуваат меѓу настраданите нема туристи ниту странци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ: Се надевам на враќање на наставата, високообразовниот систем е во ризик

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека со донесувањето на Законот за високо образование ќе се исполни четвртото барање на студентите во блокадата и изрази надеж дека факултетите ќе се вратат на наставата.
Како што наведе таа, блокадите го загрозуваат постоењето на високообразовниот систем.
Брнабиќ рече дека треба да се земат предвид 230.000 семејства во Србија кои имаат студенти и додаде дека се надева дека ќе има доволно одговорни декани и дека студентите во блокадата ќе ја сфатат сериозноста на ситуацијата и дека нивните одлуки може да ги загрозат животните шанси на некои од нивните колеги.
„Да не се залажуваме повеќе, ќе го доведеме во опасност целиот систем на државни универзитети во Србија, ќе го загрозиме постоењето на нашиот државен високообразовен систем“, изјави Брнабиќ.
Таа изјави дека по две дополнителни спецификации од студентите во блокадата, ќе се донесе Законот за високо образование, со што ќе се исполни четвртото барање на студентите во блокадата, кое се однесува на зголемување на буџетските издвојувања за факултетите.
Српската влада во вторникот го усвои Предлогот за измени на Законот за високо образование и го испрати до парламентот, а Брнабиќ потоа на прес-конференција најави дека седницата за разгледување на законот ќе започне на 4 март.
Европа
Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.
Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.
Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Доњецк.
Регион
Полицијата откри 31 дете во куќа во БиХ, тројца уапсени за трговија со луѓе

Полицијата во Брчко заедно со надлежните служби пронашла 31 дете во куќа, дознава Klix.ba. Децата имале хрватски пасоши, а три лица се уапсени под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела, вклучително и трговија со луѓе.
Како што соопштија од полицијата, вчера полициски службеници под надзор на Обвинителството на округот Брчко на БиХ и во соработка со пододделот за социјална заштита и Црвениот крст пронашле поголем број деца и ги однеле на безбедно место.
„Во рамки на досегашните активности, уапсени се три лица осомничени за сторени кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запоставување или злоупотреба на деца. Истрагата за овој случај е во тек. Имајќи ги предвид законските одредби во постапките против сторители на кривични дела против деца и малолетници, како и универзалните права на децата, се потсетува на обврската да се постапува со особена внимателност со цел да се избегнат натамошни штетни последици и да се заштитат интересите на децата“, соопшти полицијата на Брчко, пренесе Klix.ba.
Според неофицијални информации, властите пронашле дури 31 дете во куќа во месноста Брчко, од кои некои се помлади од една година.
Изворот на Klix.ba наведува дека децата имале хрватски пасоши и биле чувани од женско лице, најверојатно италијански државјанин. Со неа биле уапсени и државјанин на БиХ и неговиот син.
Која била крајната цел на оваа криминална група во однос на децата, во моментов е предмет на истрага.