Свет
Во Мелбурн нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци
По повеќе од четири месеци во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија објави дека од утре сите продавници и угостителски објекти повторно ќе може да работат, како и спортските натпревари на отворено можат да продолжат.
Од 8 ноември завршува забраната за жителите на Мелбурн да се движат повеќе од 25 километри од дома и ќе може да патуваат во другите делови на Викторија. Во Мелбурн, како извор на инфекција, беа воведени строги ограничувачки мерки на почетокот на јули.
Владата на Викторија е обвинета за нанесување непотребна економска штета одбивајќи да ги олесни мерките. Последната смрт предизвикана од Ковид-19 е регистрирана во Викторија пред седум дена.
Во Викторија вирусот зеде 817 животи, а во остатокот од Австралија вкупно 88 лица. На почетокот на август повеќе од 700 нови случаи биле регистрирани во Викторија секој ден, според АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Македонија и во Црна Гора
Земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води. Бил почувствуван и во Македонија со послаб интензитет.
„Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица, која е на речиси 60 километри од епицентарот.
Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.
Засега не се знае дали има материјална штета. Епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.
Свет
Тинејџер од Романија избоден со нож во Германија, го нападнала група Сиријци
Тинејџер од Романија е избоден до смрт во Германија во брутален напад на група Сиријци. Л. О. (18) од Романија синоќа бил нападнат, а полицијата уапсила тројца сириски државјани.
Нападот се случил во градот Шверте во Северна Рајна-Вестфалија. Л. О. бил прободен повеќепати по што паднал во крв на асфалтот. Екипите на итната помош набргу пристигнале на местото на настанот.
Според „Билд“, нападот го извршиле Сиријци, од кои најмладиот има само 15 години. Уапсени се Ахмад Ал Т. (26), Сулејман А. (24) и Махмуд А. (15) откога по нападот се обиделе да побегнат. Обвинителството обвинува тројца Сиријци за обид за убиство.
Според неофицијални информации, станува збор за одмазднички напад. Наводно, претходно истата вечер избувнала расправија во која било нападнато 15-годишно момче од Сирија. Полицијата ги истражува овие наводи. „Билд“ пренесува дека Сиријците го бркале младиот Романец, а потоа го избоделе со нож.
Л. О. со хеликоптер бил пренесен во болница, каде што лекарите се борат за неговиот живот. На местото на настанот била и мајка му, а случајните минувачи ја смирувале. Не е познато дали жената била сведок на нападот.
Свет
Медведев: Речиси 450.000 луѓе потпишале договори за воена служба во 2024 година
Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека во 2024 година околу 450.000 луѓе потпишале договори за воена служба со руското Министерство за одбрана.
Тој исто така рече дека повеќе од 40.000 Руси се приклучиле на волонтерски формации и отишле во зоната на специјалната воена операција во Украина, пренесе „Интерфакс“.
Медведев нагласи дека целта што ја постави рускиот претседател Владимир Путин за минатата година е исполнета и дека во просек повеќе од илјада луѓе дневно го потпишуваат договорот во текот на 2024 година.