Контакт

Свет

Меркел во Русија ќе разговара со Путин за „Северен тек 2“ и за Украина

Објавено пред

Главни теми на разговор меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и германската канцеларка, Ангела Меркел, која денеска треба да ја посети Русија по покана на Путин, би можеле да бидат гасоводот „Северен тек 2“ и ситуацијата во Украина, изјави научниот директор на Меѓународниот клуб  „Валдај“, Фјодор Лукјанов, пренесува „Спутник“.

dobivaj vesti na viber

„Во фокусот, пред сè, ќе бидат теми што се однесуваат на билатералните односи меѓу Русија и Германија, а тоа е гасоводот „Северен тек 2“, по американските санкции кои ја закочија неговата изградба. Освен тоа, клучна тема секако е Украина со оглед на фактот дека Меркел е иницијатор на целиот мировен процес што своевремено беше инициран во Минск“, вели тој.

Според Лукјанов, Меркел и Путин би требало да разговараат и за други важни теми на меѓународната сцена вклучувајќи ги и скорешните случувања на Блискиот Исток.

Свет

Трамп би можел да воведе царини за Канада и Мексико за 10 дена

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп не воведе веднаш царини како што вети претходно, но рече дека размислува да воведе царина од 25 отсто за увоз од Канада и Мексико на 1-ви февруари поради илегалните имигранти кои влегуваат во САД и фентанилот. Откако ја положи заклетвата како претседател, Трамп не воведе брзо царини за два од соседите на Америка, но им нареди на федералните агенции да ги истражат постојаните трговски дефицити и нефер трговски практики, како и наводната манипулација со валутата од други земји.

dobivaj vesti na viber

Во претседателскиот меморандум, Трамп им наложи на Одделите за трговија и финансии, како и Канцеларијата на трговскиот претставник на САД, да ги истражат ризиците што ги претставуваат големите трговски дефицити за економијата и националната безбедност и да предложат соодветни мерки, како што се дополнителни глобални тарифи или други политики, за да се намалат таквите дефицити.

Инвеститорите се подготвуваа за царини на првиот ден на Трамп, кои би можеле да ги попречат долгогодишните трговски договори, но писмото на Трамп всушност бара дополнително истражување што би можело да ги поддржи идните акции врзани за царините. Одложувањето на царините доведе до закрепнување на глобалните цени на акциите и зајакнување на другите валути во однос на доларот. Американските финансиски пазари беа затворени вчера, но се отвораат денеска.

На прашањето на новинарите во Белата куќа дали има намера да воведе универзална царина за сите увозни производи во САД, Трамп одговори дека тие сè уште не се подготвени за тоа, но можеби ќе бидат подготвени во иднина. На прашањето за царините за Канада и Мексико, тој одговори дека размислува за царина од 25 отсто бидејќи тие две земји наводно дозволуваат голем број луѓе, како и фентанил, да влезат во САД. Трамп, исто така, рече дека сака да го промени трговскиот дефицит на САД со Европската унија преку царини или дополнителен извоз на енергија.

Царините беа тема на дискусија во текот на денот на инаугурацијата, при што Трамп нагласи дека таквите мерки можат да донесат огромни приходи за земјата, бидејќи неговата администрација се обидува да ја обнови американската индустрија. Царините ќе ги наплаќа новата агенција наречена Служба за надворешни приходи.

„Царините ќе не направат проклето богати. Тоа ќе ги врати американските бизниси кои не напуштија“, им рече Трамп на поддржувачите во Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп по преземањето на функцијата испрати предупредување до Путин: „Ја уништувате Русија“

Објавено пред

Доналд Трамп упати предупредување до рускиот претседател Владимир Путин само неколку часа по преземањето на функцијата по неговата инаугурација.

dobivaj vesti na viber

Трамп рече дека Путин ја „уништува Русија“ и го повика да „склучи договор“ со Украина за да се стави крај на војната.

„Тој мора да постигне договор. Мислам дека ја уништува Русија со тоа што нема да постигне договор. Мислам дека Русија ќе биде во голема неволја. Тој работи напорно, но повеќето луѓе мислеа дека војната ќе трае една недела, а сега поминаа три години, нели“.

Трамп предупреди дека инфлацијата е голема закана за Русија и дека руската економија тоне.

Путин рече дека сака исход што ќе ја фаворизира Русија, но индицира подготвеност да разговара со Трамп.

Наскоро се очекува да има телефонски разговор меѓу двајцата лидери. Трамп најави и можност за средба со Путин, со кого вели дека имал „одлични односи“ за време на неговиот прв мандат.

Рускиот претседател изјави: „Отворени сме за дијалог со новата американска администрација за украинскиот конфликт. Најважно е да се елиминираат причините за кризата. Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно поскоро. Знаете, војната меѓу Русија и Украина никогаш не требаше да започне“.

Додека беше во Овалната соба, Трамп рече дека и Зеленски е подготвен за договор.

Трамп се пошегува и за неговото предизборно ветување дека ќе го прекине конфликтот за 24 часа: „Тоа е само половина ден“. Ја имам втората половина од денот. Ќе видиме“.

Путин, по повод инаугурацијата на Трамп, рече: „Гледаме изјави на новоизбраниот американски претседател и членовите на неговиот тим за желбата да се обноват директните контакти со Русија, кои не на наша вина беа прекинати од претходната администрација. Ги слушаме и неговите изјави за потребата да се направи се што е можно за да се спречи Трета светска војна. Се разбира, ја поздравуваме оваа позиција и му честитаме на новоизбраниот американски претседател за преземањето на функцијата“.

Прикажи повеќе...

Свет

„Трамп ќе му каже на Путин да ја прекине војната, ако одбие, имаме план“, вели близок соработник на американскиот претседател

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат преговорите, процес за кој рече дека веќе е во тек.

dobivaj vesti na viber

Откако како претседателски кандидат рече дека може да ја заврши војната во Украина во рок од 24 часа по преземањето на функцијата, Трамп истакна дека му останува уште половина ден за да ја постигне таа цел. „Ќе се обидеме да го направиме тоа што е можно побрзо. Знаете, војната меѓу Украина и Русија никогаш не требаше да започне“, им рече тој на новинарите во Овалната соба.

Изборот на Трамп за државен секретар Марко Рубио претходно во понеделникот изјави дека не може да постави временска рамка за завршување на војната меѓу Русија и Украина, но им рече на новинарите дека секоја страна ќе мора да се откаже од нешто, како природен дел од решавањето на каков било конфликт. Тој исто така призна дека Русија е агресорот.

Роберт Вилки, шеф на транзицискиот тим на Трамп во Пентагон, зборуваше за пристапот на Трамп кон војната во Украина. Вилки вели дека Трамп ќе му се јави на рускиот претседател Владимир Путин и ќе му каже да ја прекине војната.

Тој додаде дека Трамп ќе му каже на украинскиот претседател Зеленски дека не направил доволно „затоа што не го повикал мнозинството од своето население под своето знаме“, истакнувајќи дека Зеленски ги изоставил „мажите од населението кои обезбедуваат сила и моќ“. Ако Путин ги отфрли барањата на Трамп за завршување на војната, Вилки наведува дека една од извршните наредби на Трамп ќе ја „отвори енергетската моќ на Америка“.

„Ќе започне протокот на американски течен природен гас во Европа“, рече Вилки, „а присуството на Соединетите Држави на светскиот пазар на нафта ќе ја намали цената на нафтата – тоа ќе ја банкротира руската економија. Ова ќе создаде огромен притисок врз воената економија на Путин“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

Трамп нареди да им се одземе државјанството на децата на илегалните имигранти; Активистите го тужеа

Застапниците за правата на имигрантите и застапниците на граѓанските права, вклучително и Американската унија за граѓански слободи, поднесоа тужба со...

Свет49 минути

Кина за повлекувањето на Трамп од СЗО: Оваа организација треба да се зајакне, а не да се ослабува

Улогата на Светската здравствена организација (СЗО) треба само да се зајакне, а не да се ослабне, соопшти денеска кинеското Министерство...

Свет3 часа

Првите одлуки на Трамп: Помилувани 1.500 напаѓачи на Конгресот, преименуван Мексиканскиот Залив

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата церемонија на полагање заклетва...

Европа3 часа

(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви

Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ....

Свет3 часа

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: „Имам уште половина ден да го направам тоа“

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин веднаш штом ќе се договорат...

Свет4 часа

Орбан: Честитки за Трамп, сега е ред да го окупираме Брисел

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, еден од ретките европски лидери блиски до Доналд Трамп, му честиташе на новиот американски претседател, велејќи...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ги потпиша првите извршни наредби пред преполната арена: Можете ли да замислите Бајден да го прави ова, не би рекол

Доналд Трамп положи заклетва како 47-ми претседател на САД, отворајќи уште еден турбулентен четиригодишен мандат со ветувања дека ќе ги...

Свет4 часа

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на Америка алијансата го пали турбопогонот

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте очекува дека враќањето на Доналд Трамп на местото претседател на САД, брзо и значително...

Свет5 часа

Ердоган: Трамп вели дека ќе стави крај на војната, ние ќе направиме сè што е потребно

Турција има намера да ги задржи добрите односи што ги имаше за време на првиот мандат на Доналд Трамп и...

Свет16 часа

Трамп: Ќе запрам нелегален влез, ќе прогласам национална вонредна состојба на јужната граница

Во своето инаугуративно обраќање, претседателот Доналд Трамп вети златно доба за Америка, неколку минути откако по вторпат положи заклетва како...

Свет19 часа

Бајден го објави последното селфи од Белата куќа

Во тек е инаугурацијата на Доналд Трамп. Церемонијата во црквата е завршена, по што Трмп се упати кон Белата куќа....

Македонија19 часа

Нормализирана испораката на топлинска енергија

Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода...

Македонија19 часа

Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин

Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот...

Топ21 час

Трагедија во Делчево: се запали куќа, загина 37 годишен маж

Пожар изби во селото Чифлик, Делчево утрово, пришто едно лице го загуби животот. Според информациите од Центарот за управување со...

Македонија21 час

Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни

Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци....

Македонија22 часа

Граѓаните ќе може да ги отповикаат градоначалниците што ќе бидат избрани наесен, Перински вели дека законот ќе биде применлив  

Референдумското отповикување градоначалници, од кои граѓаните не се задоволни, ќе почне да се применува од локалните избори наесен. Министерот за...

Македонија1 ден

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште осум лица

Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште осум...

Топ1 ден

19-годишник од Радовиш не застанал на знакот за запирање, па со автомобилот удрил во работна машина: во неговото возило пронајдени мигранти

Вчера околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при...

Македонија1 ден

Изгубени странски туристи безбедно извлечени преку езерото Матка

Вчера, на крајот од денот, по стемнувањето, на 112 во ЦУК е добиена пријава од странски државјани (турски), туристи, кои...

Регион1 ден

(Видео) Пожар во дом за стари лица во Србија, осум загинати, неколку повредени

Осум лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утрово околу 4 часот и 30 минути избувна во дом...