Свет
Меркел ја објави потврдата дека примила вакцина против Ковид-19
Германската канцеларка, Ангела Меркел, ја објави потврдата дека примила вакцина против коронавирус.
„Се радувам што денес ја добив првата доза на вакцината на ‘Астразенека’. Им благодарам на сите кои се ангажирани во кампањата за вакцинација и на сите кои се вакцинираат. Вакцинирањето е клучно за сузбивање на пандемијата“, напиша Меркел на „Твитер“.
Вакцината на „Астразенека“ во Германија се дава само на лица над 60-годишна возраст. Со ова Меркел испрати порака дека и натаму верува во оваа вакцина, коментираат германски медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полска најави распоредување на американскиот противракетен одбранбен систем Егис Ашор
Во Полска беше најавено дека во наредните недели во градот Реџиково ќе биде инсталиран и оперативен американски противракетен одбранбен систем Aegis Ashore(Егис Ашор).
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изрази надеж дека ова оружје ќе може да ги одбие руските ракети, пренесува агенцијата Униан.
Од „Дифенс експрес“ наведуваат дека станува збор „за некаква долгорочна изградба (на капацитет)“, што отвора многу прашања.
Свет
ЕУ ја предупреди Полска за планот да престане да прифаќа барања за азил
Контроверзниот нов план на Полска да ги одврати мигрантите кои доаѓаат преку границата со Белорусија ризикува да ги прекрши обврските на земјата за човекови права, предупреди денеска Европската унија.
Според полскиот предлог презентиран од премиерот Доналд Туск во саботата, Варшава ќе воведе нова миграциска стратегија која вклучува „привремена територијална суспензија на правото на азил“.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, активно ги охрабруваат потенцијалните баратели на азил да дојдат во земјата, каде што неговите безбедносни сили ги носат до полската граница и одбиваат да дозволат да ги вратат.
Европа
Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина
Околу 30.400 луѓе, меѓу кои речиси 8.000 деца, се евакуирани од областите што граничат со Украина поради гранатирање и напади, изјави рускиот комесар за човекови права.
Комесарката Татјана Москалкова во интервју за порталот Аргументи и Факти изјави дека сите евакуирани се сместени во речиси 1.000 центри за привремено сместување низ Русија.
Украина, која беше нападната од Русија во февруари 2022 година, возврати со гранатирање и напади врз руските погранични области, при што војската тврди дека нападите се насочени кон инфраструктурата клучна за воените напори на Москва.
Украинските сили уште во август започнаа напад и упаднаа во регионот Курск, преземајќи контрола над десетици места. Оттогаш, тие ги задржаа повеќето од нивните позиции.
Москалкова рече дека и се пожалиле дека сега не се знае каде се наоѓаат повеќе од 1.000 руски државјани на Курск и дека се верува дека биле однесени од украинските воени сили.