Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Горaт облакодери во Хонгконг, има загинати
Најмалку четири лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинаа во катастрофален пожар што денеска зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите соопштија дека две лица се во критична состојба, а едно е стабилно, додека се стравува дека уште жители може да бидат заробени во запалените станови, пренесува Би-би-си.
Драматичните снимки од населбата Тај По прикажуваат густ чад и пламен што излегува од неколку кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт.
WATCH LIVE: Fire engulfs a residential building in Hong Kong’s northern Tai Po district https://t.co/rNs1F3CWl4
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 26, 2025
Свет
Италија и официјално го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор
Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој и формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата казнувајќи го со доживотен затвор.
Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.
Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија. Исто така, вклучува построги мерки против родово базирани злосторства, како што се следење и порнографија за одмазда.
Случаите со висок профил, како што е убиството на студентката Џулија Чечетин во 2023 година, предизвикаа широко јавно негодување и дебата за причините за насилство врз жените во патријархалната култура на Италија.
„Го удвоивме финансирањето за центри против насилство и засолништа, промовиравме телефонска линија за итни случаи и имплементиравме иновативни активности за образование и подигање на свеста“, рече Мелони.
„Ова се конкретни чекори напред, но нема да застанеме тука. Мора да продолжиме да правиме многу повеќе, секој ден“,додаде таа.
Италијанската агенција за статистика „Истат“ регистрира 106 фемициди во 2024 година, од кои 62 се извршени од партнери или поранешни партнери.
фото: ЕПА
Регион
(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата
Полицијата повторно ги блокира пратениците од опозицијата, кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, па пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка.
Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, објавува „Нова.рс“.
Ćacilend upravo pic.twitter.com/XyAbgYkNsn
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) November 26, 2025
Ескалацијата се случи кога претставниците на Националното движење на Србија, Ѓорѓе Станковиќ, и на Зелено-левичарскиот фронт, Богдан Радовановиќ, се обидоа да го отстранат шаторот поставен на самите скали пред парламентот по што беа нападнати од луѓе од протестниот камп и полицијата.
Ова е втор ден по ред како има инциденти на влезот во парламентот. Вчера, полицијата се судри со претставници на партијата Србија центар (Срце), предводена од Здравко Понош, кои исто така се обидоа да влезат на главниот влез преку т.н. чациленд.
View this post on Instagram
Токму по овој инцидент, пратениците од опозицијата, на средба со претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, побараа оградата околу шаторската населба да се помести за да имаат непречен пристап до своите работни места.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција изјави дека ќе има иницијатива во врска со шаторите. Иако не разјасни за што станува збор, неговата изјава сугерира дека кампот набргу би можел да биде отстранет.
фото: принтскрин Икс

