Свет
Меси е многу добар, но не e бог, пресуди папата
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, рече дека аргентинскиот фудбалер Лионер Меси е многу добар, но не е бог.
Папата, кој е сонародник на Меси и голем обожавател на фудбалот, на прашањето на новинарот на телевизијата „Ла Секс“ дали е светогрдие да се каже за Меси дека е бог, одговорил дека тоа е еден вид светогрдие.
Тој, сепак, додаде дека тоа може да се каже за некого, но дека не е исто како и да се верува дека Меси е бог.
Папата му рекол на новинарот дека не верува дека Меси е бог, и дека тоа се изрази со кои луѓето, споредувајќи го Меси со бог, сакаат да ја истакнат неговата извонредност во она со што се занимава.
Потоа го прашал новинарот дали верува дека Меси е бог и доби позитивен одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силна експлозија во фабрика во Шпанија: има загинати и повредени
Три лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика во близина на крајбрежниот град Аликанте во југоисточна Шпанија, соопштија спасувачките служби.
Инцидентот се случил во индустриска зона, на околу четириесет километри од центарот на Аликанте, во фабрика која произведува полистирен.
#España 🇪🇸 | ÚLTIMA HORA – Explosión en una fábrica de #Alicante, deja como saldo dos fallecidos y varios heridos. @gobiernoesp pic.twitter.com/FZditmZTmy
— Ernesto Madrid (@JErnestoMadrid) November 27, 2024
„Три лица загинаа, а седум се повредени“ во експлозија во фабрика“, објави попладнево на мрежата X на спасувачката служба на регионот Валенсија, каде што се наоѓа Аликанте.
Директорот на итната служба на регионот на Валенсија, Алберто Мартин, за јавната телевизија ТВЕ изјави дека котелот експлодирал во фабриката, и дека три лица загинале, а три се тешко повредени.
Според пожарникарите, по уривањето на делот од експлозијата од индустрискиот објект паднал покривот и се срушила околу половина од површината на објектот.
Премиерот Педро Санчез им ја пренесе целосната поддршка од шпанската влада на жртвите во несреќата, како и на пожарникарите и спасувачите.
Свет
Клучните луѓе на Трамп добиле закани за бомби
Неколку кандидати за кабинетот на Доналд Трамп и луѓе во неговата администрација добиле закани за бомби, објави ФБИ.
„Сите потенцијални закани ги сфаќаме сериозно и ја охрабруваме јавноста да пријави се што смета дека е сомнително во полиција“, велат тие.
FBI Statement Regarding Threats to Nominees and Appointees https://t.co/PNbmuHjrrl pic.twitter.com/tenOKMeupW
— FBI (@FBI) November 27, 2024
Заканите беа упатени во вторникот вечерта и во средата наутро, а полицијата реагираше брзо за да ја осигура безбедноста на целните, рече портпаролката на транзицискиот тим на Трамп, Каролина Ливит.
Си-Би-Ес објави дека заканата ја добил и кандидатот на Трамп, за министер за трговија, Хауард Лутник.
Републиканецот од Флорида, Мет Гаец, кој неодамна се откажа од трката за државен обвинител во САД, исто така беше цел на измама за бомба.
„Фокс њуз“ објави дека Џон Ретклиф, кандидатот на Трамп за директор на ЦИА и кандидатот за секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, добиле закани.
Тројца официјални лица изјавија за „NBC News“ дека заканите биле лажни.
Регион
17-годишен тинејџер почина по тепачка во Лесковац: лекарите еден час се обидувале да го ожевеат
17-годишнoто младo момче кое околу 14 часот беше брутално претепано пред средното хемиско училиште во Лесковац, им подлегнало на повредите во болница, потврдиле од здравствената установа, пренесуваат тамошните медиуми.
Лекарите од итната служба се обидувале да го оживеат речиси цел час, но, според написите, момчето веќе бил донесено со возило на брза помош без знаци на живот.
„Донесен е во бесознание, со широки зеници, бледа кожа и мукозни мембрани, без пулс и немерлив притисок. Лекарите во Итната медицинска помош веднаш започнале со интензивна реанимација. За жал, смртта настапила во 15 часот и 45 минути. Причината за смртта ќе биде утврдена со обдукција“, изјавил директорот на Општата болница Лесковац.
Според неофицијални информации, како што пишуваат српските медиуми, младиот човек бил нападнат пред училиштето од двајца момци на жолт скутер кои побегнале од местото.
„Пулсот на момчето уште додека лежеше на асфалтот се губеше“, според лекарите од итната помош.
Според очевидци, пријателот на момчето бил приведен во полициска станица за да даде исказ како сведок.
Порталите во соседството пренесуваат дека момчето било ученик на Текстилното училиште и дека живеело во згрижувачко семејство. Полицијата и инспекторите се излезени на местото на настанот а по напаѓачите интензивно се трага.