Свет
Меѓународна федерација на новинарите се огласи за случајот „Бабченко“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/10757304195b0ef747dc7cb889722496_v4_big.jpg)
Меѓународната федерација на новинарите се огласи по повод случајот „Бабченко“, коментирајќи дека целта на новинарската професија е да трага по вистината.
Како што наведуваат, секоја манипулација со информации го нарушува кредибилитетот на медиумите и новинарството во целина.
Рускиот новинар Аркадиј Бабченко, остар критичар на политиката на Кремљ, за кого украинската полиција во вторникот соопшти дека бил убиен, се појави во средата жив и здрав на прес-конференција за медиумите во Киев, со шефот на Службата за безбедност на Украина, која објави дека ја лажирала неговата смрт за да ги фати оние кои планирале негово убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Галант: Хамас не може да се опорави од израелските операции во Појасот Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/galant2.jpg)
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за време на посетата на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа изјави дека Хамас не може да се опорави од израелските операции кои го уништија оружјето и подземните тунели на палестинските милитантни групи.
Галант оцени дека Хамас повеќе нема средства да се вооружува, да се опреми, дека не може да донесе засилување, објави Тајмс оф Израел.
„Нивниот борбен дух е скршен и времето всушност работи против нив, а не за нив“, рече Галант.
Тој повтори дека целта на израелската операција во Појасот Газа е целосно уништување на Хамас.
Регион
Нов сведок во случајот со убиството на Данка: по 5 месеци во полиција изјавил дека џогирал покрај ѓубриштето во моментот кога осомничените го фрлале телото на девојчето
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/danka-ubijci.jpg)
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар за 5 јули е закажано сослушување нови сведоци во истрагата за убиството на Данка Илиќ од Бор, која како што се сомнева, ја убиле работниците на ЈКП „Водовод“ од Бор, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Како што објави Нова.рс, сослушувањето на еден од нив е од големо значење за истрагата.
„Станува збор за двајца соседи од Бањско Поље, од кои не се очекува ништо пресудно. Но, маж од Бор, кој е трет сведок, контактирал со надлежните и рекол дека џогирал точно во моментот кога осомничените биле на буништето и наводно го фрлиле телото“, вели изворот и додава:
„Што точно видел, зошто дури сега се јави, ќе се знае во петок. Постои можност неговото сведочење да докаже дека навистина го фрлиле убиеното дете на ѓубриште…“
Инаку, осомничениот Дејан Драгијевиќ, кој на рочиштето во обвинителството по апсењето го призна делото и детално го опиша, побара обвинителството повторно да го сослуша.
Адвокатката Вања Живковиќ рече дека до денес не добила потврден или негативен одговор дали обвинителството ќе го прифати повторното испитување на нејзиниот клиент Дејан Драгијевиќ.
Инаку, Драгијевиќ во образложението зошто сака дополнително рочиште вели „за да се расветлат околностите и изнесените факти кои ги ставил на записник на рочиштето на 5 април 2024 година“.
За потсетување, осомничени за убиството на Данка Илиќ се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од селото Злот кај Бор, кој го признал делото велејќи дека го удриле девојчето со возило на „Водовод“ Бор, по што со голи раце ја задавил. Тој откри и дека неговиот татко Радослав и сега починатиот брат Далибор му помогнале да го сокрие телото на девојчето, кој, неколку часа по апсењето почина во полициската управа Бор.
Свет
Напнато во кабинетот на Бајден, советниците се борат тој да остане претседателски кандидат: „Замената би била збунувачка и непрактична“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/bajden.jpg)
Советниците на американскиот претседател Џозеф Бајден во текот на викендот се обидоа да се спротивстават на сугестиите, актуелниот демократски претседателски кандидат да се повлече од трката, при што менаџерот на кампањата на Бајден предупреди дека менувањето кандидати во оваа фаза од кампањата е „збунувачки и непрактично“.
За време на тензичниот разговор со група од околу 40 најголеми финансиери на Бајден, менаџерот на кампањата на Бајден, Џулијан Чавез Родригез, објасни што може, а што не може да се направи со инфраструктурата на кампањата доколку Бајден одлучи да се повлече, нагласувајќи дека нема намера да го стори тоа. пренесува Ен-би-си Њуз.
„Поголемиот дел од собраните средства ќе одат за потпретседателката Камала Харис, а само мал дел од парите ќе останат кај Демократскиот национален комитет“, рече Чавез Родригез.
Додека некои донатори разгледуваа различни сценарија за замена на Бајден, демократскиот сенатор Крис Кунс од Делавер истакна дека таквиот процес би бил „хаос“. Тој процени дека на крајот ќе биде номинирана Камала Харис.