Свет
Мигранти под истрага за бомбардирањето на канцеларијата на Лига на Салвини
Двајца марокански мигранти во Италија се под истрага во врска со бомбашкиот напад врз канцеларијата на партијата Лига на Матео Салвини, пренесува „Ил џорнале“.
Нападот се случил во јануари и притоа експлозивната направа ја уништила влезната врата на канцеларијата на Лига во Сан Валентионо Торио, но левичарските политичари се потсмеваа со настанот нарекувајќи го божикен огномет.
Обвинителите велат дека двајцата главни осомничени за нападот се 41-годишниот Абдерахим С. и 37-годишниот Моктар Ј., кои се осомничени за детонирање на експлозивот. Осомничените биле идентификуван со помош на видеонадзорот.
Маријано Фалконе, регионален заменик-координатор на Лига во Салерно, вели дека иако штетата во зградата не била голема, тоа е напад врз Матео Салдини и врз Лига и го нарече нападот вознемирувачки.
Припадниците на екстремно левиот Автономен универзитетски колектив предизвикаа контроверзии со објавување постери во кои се повикуваше на атентат на Салвини.
„Не смееме да го спуштиме гардот“, рече Фалконе и предупреди на новите групи што се однесуваат како екстремно левичарските терористи што вршеа насилства во Италија во 70-тите.
Еден таков левичарски терорист, Чезаре Батисти, неодамна призна дека убил неколку луѓе за време на таа ера по депортирањето од Бразил од страна на популистичкиот претседател Јаир Болсонаро.
Ова не е првпат партиските канцеларии на Салвини да бидат нападнати со експлозив. Во август минатата година канцеларијата во Тревизо беше нападната од екстремно левичарските анархисти од Антифа, кои подоцна презедоа одговорност за бомбардирањето.
Нападот беше со две одделни експлозивни направи, кои требаше да привлечат полицајци и други во областа каде што требало да експлодира втората бомба, полна со клинци и метални фрагменти. Полицијата успеа да го декативира вториот уред пред да експлодира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

