Свет
Мишел: Украина не треба премногу да се надева за брзи преговори за пристапување во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја предупреди Украина дека не треба премногу да се надева на брза одлука за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија.
Некои земји-членки на ЕУ јасно ставија до знаење дека би сакале добро да размислат пред да донесат одлука за следниот чекор во пристапниот процес со Украина, изјави Мишел за новинарите за време на посетата на Киев.
Мишел рече дека земјите-членки продолжуваат да работат многу напорно за да изградат заеднички став во Европскиот совет пред самитот на ЕУ во декември.
Сепак, тој нагласи дека не треба да се потценуваат политичките тешкотии и додаде дека во исто време ќе треба да се донесат тешки буџетски одлуки.
Тој не кажа кои земји-членки би можеле да го блокираат почетокот на пристапните преговори со Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година.
Мишел рече и дека некои земји-членки сметаат дека треба да се направи повеќе за да се забрза процесот за земјите од Западен Балкан, како што е Босна и Херцеговина. На некои од нив им беше ветено пристапување во ЕУ пред повеќе од 20 години.
Мишел неодамна изјави дека според него, Украина би можела да биде членка на ЕУ до 2030 година доколку ги спроведе потребните реформи, доколку се бори против корупцијата и ги исполни законските барања.
Европскиот совет го одобри статусот на Украина како кандидат за членство во ЕУ во јуни 2022 година. Киев сега чека одлука за формален почеток на пристапните преговори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.