Свет
Младите во САД излегоа на најголемиот протест по војната во Виетнам
Стотици илјади адолесценти, млади луѓе и нивните родители излегоа на протести во САД со барање за затегнување на законодавството за поседување на огнено оружје. Демонстрациите, што се одржаа под насловот „Марш за нашиот живот“, се проширија во голем број делови од САД, вклучувајќи ги Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Денвер и Лос Анџелес.
Американските медиуми забележаа дека протестот, инициран од младите луѓе, е најголемиот во земјата од годините на Виетнамската војна (1956-1973) година. Еден од најмасoвните протести се случи во Њујорк, каде најмалку 175.000 луѓе излегоа на улиците.
Протестот, исто така, беше поддржан од голем број познати личности, меѓу кои и Пол Макартни. Пред американскиот телевизиски канал Си-ен-ен легенардниот музичар од „Битлси“, изјави дека се приклучува на акцијата поради Џон Ленон, чијшто живот беше одземен на 8 декември 1980 година. Тој беше застрелан со пет куршуми во грбот во њујоршкиот кварт „Менхетен“, додека се шеташе со неговата сопруга Јоко Оно.
Носејќи маичка со натпис „Можеме да ставиме крај на насилството со оружје“, Макартни се приклучи кон маршот.
„Не знам дали можеме да ставиме крај на насилството со оружје, но тоа е она што можеме да се обидеме да го направиме, и затоа сум тука“, рече поранешниот „Битлс“, кој додаде дека бил убиен еден неговите најдобри пријатели.
Протестите беа организирани по трагедијата во гимназијата во Флорида, каде 19-годишно момче застрела 17 лица и рани 14. Во САД, прашањето за контрола на стекнувањето и поседувањето на огнено оружје е едно од најделикатните за општеството. Традиционално, претставниците на Демократската партија се залагаат за построги закони во оваа област, додека републиканците го штитат правото на граѓаните да поседуваат огнено оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

