Свет
Многу млади луѓе во Токио никогаш не биле во врска, затоа властите направија апликација за запознавање
Еден облачен ден во Токио оваа недела, околу триесет мажи и жени се шетаа во групи од по четворица низ ботаничката градина, зборувајќи срамежливо додека бараа траги како дел од играта, а можеби и животен партнер. Тие се учесници на еден од многуте настани со цел спојување на парови, кои владата на јапонската престолнина со години ги организира во обид, засега неуспешен, да го запре намалувањето на бројот на бракови и раѓања.
Откако организираше забави и понуди совети за мода и за состаноци, метрополата од 14 милиони луѓе сега се надева на поширок опсег и подобри резултати со лансирање на апликација за запознавање преку вештачка интелигенција уште оваа пролет.
Апликацијата на потенцијалните невести ќе им поставува повеќе од 100 прашања како „Каков тип на личност не ви се допаѓа? и „Дали ви е комотно да ги споделите вашите чувства со другите?” Потоа ќе предложи соодветни луѓе кои користат голема количина на податоци врз основа на одговорите на 150.000 парови.
Токио планира да ги прегледа корисниците со онлајн интервјуа и да побара од учесниците сертификати за да го докажат својот статус на самец во процес кој Каори Ширатори, 56-годишна државна службеничка која беше избрана да учествува на настанот во ботаничката градина, го смета за охрабрувачки.
„Би сакала да ја пробам новата апликација“, рече таа пред да го напушти настанот без да најде партнер. „Се обидов да соберам храброст да му пријдам на тој човек што го сметав за привлечен, но сите побрзаа кон него, па немав шанса“.
Токио, чие население се очекува да почне да се намалува од 2030 година, речиси ќе ја удвои својата распределба за услуги за поддршка на бракот на 335 милиони јени (околу 2 милиони евра) во фискалната година што започнува следниот месец. Главниот град им се придружува на локалните власти како оние во префектурите Саитами и Ибараки со апликацијата за запознавање.
Владата на премиерот Фуми Кишида, исто така, го идентификуваше падот на наталитетот како клучен проблем што треба да се реши оваа деценија. Населението во земјата се намалува од 2008 година, кога го достигна својот врв. Речиси една третина од мажите во нивните 50-ти во Токио никогаш не биле во брак.
Податоците собрани од Recruit Holdings покажуваат дека 46 отсто од мажите и 30 отсто од жените во нивните 20-ти никогаш немале девојка или момче, соодветно. Новата апликација, која ќе биде достапна за оние кои живеат, работат или студираат во Токио, ќе бара и доказ за приход.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

