Свет
Момче пронајдено мртво во врел автомобил во Тексас

5-годишно момче починало откако било пронајдено во врел автомобил пред основно училиште во Јужен Тексас, соопшти полицијата.
– Итната помош во четвртокот во 16 часот и 4 минути добила пријава е пронајдено мртво дете во автомобил паркиран во основното училиште Др. Америко Паредес – рече началникот на полицијата на прес-конференцијата.
Во четвртокот, округот Хидалго забележа температура од 38,3 степени, но субјективното чувство беше 40,5 степени Целзиусови.
Момчето е роднина на лице кое е вработено во кампусот во основното училиште, пишува АБЦ Њуз.
Според непрофитната организации Кидс анд Карс, починатото момче е 19-то дете кое починало во автомобил од топлотен удар во САД оваа година.
Повеќе од 1.000 деца во САД умреле во врели автомобили од 1990 година, соопшти организацијата,пренесе Телеграф.рс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат, пишува „Си-ен-ен“.
Лидерите остануваат во Белата куќа за да ги продолжат преговорите во поинаков формат, изјави портпаролот на Зеленски, Сергиј Никифоров.
Официјален претставник на Белата куќа, исто така, рече дека мултилатералниот состанок со европските лидери и Зеленски завршил, но не се осврна на тоа дали ќе продолжат со разговори.
Главни теми на средбата беа безбедносните гаранции за Украина и можните чекори кон мировен договор со Русија. Трамп претходно посочи дека очекува брз напредок и дека работи на организирање трилатерална средба со Владимир Путин и Зеленски. Германскиот весник „Билд“ додека траеше состанокот објави дека Трамп го паузирал за да телефонира кај рускиот претседател, иако тој разговор беше најавен по завршувањето на средбата.
Свет
(Видео) Трамп на вклучен микрофон: „Путин сака да склучи договор со мене, колку и да звучи лудо“

Пред почетокот на состанокот со лидерите на ЕУ и НАТО во Вашингтон, на вклучен микрофон случајно беше снимен доверлив разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот француски колега Емануел Макрон.
„Мислам дека сака да направи договор“, се слуша како му шепоти Трамп на Макрон. „Мислам дека сака да направи договор со мене, го разбираш ли тоа? Колку и да звучи лудо“.
Trump on a hot mic on Putin: “I think he wants to make a deal for me. Do you understand? As crazy as it sounds.” pic.twitter.com/lshkxtJ3Qm
— Aaron Rupar (@atrupar) August 18, 2025
Во истиот разговор, Трамп спомнува и идеја за организирање трилатерален состанок меѓу него, рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски – нешто што веќе го зборува и во јавните настапи.
Трамп на средбата со Путин во Алјаска пред само неколку дена не успеа да договори прекин на огнот, но најави дека ќе работи на директен мировен договор кој може да вклучува и територијални компромиси.
Истовремено, Трамп денес ја отфрли можноста да го услови мировниот процес со прекин на непријателствата, инсистирајќи дека „решението е можно и без формален прекин на огнот“. Тој, сепак, изрази подготвеност да поддржи безбедносни гаранции за Украина – нешто што, претседателот Путин веќе го прифатил.
Свет
Зеленски ја отвори картата на Украина пред Трамп: детали од фронтот на маса

Во Овалната соба беше отворена огромна мапа на Украина, објави Би-Би-Си. Ова се случи пред почетокот на денешната мултилатерална средба со европските лидери и шефот на НАТО во Белата куќа, кога Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа насамо.
Мапата беше поставена директно спроти бирото на Трамп.
Источниот дел од Украина е засенчен – ја покажува територијата окупирана од Русија.
Мапата, исто така, покажува колкав процент од регионот моментално контролира Русија – на пример, Луганската област со 99 отсто и Сумиската област со 1 отсто.
Presidents Zelensky and Trump in front of the map of Ukraine. https://t.co/mLSSM0ADRo pic.twitter.com/hEanAAxS93
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 18, 2025
Исто така, Зеленски му ја претстави на Трамп целата ситуација на фронтовската линија на мапата.
„Разговаравме за многу чувствителни точки. Првата се безбедносните гаранции. И многу сме задоволни од претседателот што сите лидери се тука. Безбедноста во Украина зависи од САД, од вас и од оние лидери кои се со нас“, рече Зеленски.
„Многу земји на страната на Украина, нашиот народ и сите ние, сакаат да ја завршат оваа војна, да ги сопрат Русите, да ја сопрат оваа војна… Ќе разговараме повеќе за безбедносните гаранции. Многу е важно САД да дадат многу силен сигнал и да бидат подготвени за безбедносни гаранции“.
„Му покажав на претседателот многу детали на бојното поле, на картата. Патем, ви благодарам за картата“, рече Зеленски.