Свет
Москва не ги исклучува воените мерки како одговор на ракетните закани од Западот
Плановите на Велика Британија и на САД за распоредување ракети со краток и среден дострел го отежнуваат спречувањето можни сериозни ескалации, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.
Министерството, исто така, не ја исклучува употребата на воени мерки како одговор на ракетните закани што произлегуваат од Западот.
Во изминатите неколку недели Пентагон најви неколку практични чекори за распоредување ракети претходно забранети со сега веќе непостоечкиот Договор за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ), а армијата на Велика Британија се приклучи на отворено непријателските и дестабилизирачки изјави и активности.
„Имплементацијата на ваквите воени програми добива на интензитет, што очигледно води кон стеснување на просторот за политичко и дипломатско решавање на проблемот по ИНФ и за спречување сериозна ескалација во ракетната сфера“, рече Захарова.
Овие случувања се одвиваат во услови на отсуство на јасни знаци од новата американска администрација и од огромното мнозинство сојузници на Вашингтон во НАТО.
„Ние, секако, не ја затвораме вратата за дијалог, но имајќи ја предвид ситуацијата што се одвива, не исклучуваме дека Русија ќе биде принудена сè повеќе да го насочува својот фокус кон воен и технички одговор на ракетните закани“, предупреди Захарова.
Во 2019 година САД се повлекоа од договорот за ИФН со Русија и продолжија со тестирање на новата генерација балистички и крстосувачки ракети со среден дострел. Неколку медиуми веќе објавија дека Министерството за одбрана на САД се обидува да го зајакне своето присуство во Индотихоокеанската Област со мрежа проектили на копно од воените објекти во регионот.
Минатиот месец Лондон објави дека планира да го зголеми својот нуклеарен арсенал од 180 распоредени боеви глави на 260 распоредени боеви глави до 2030 година, велејќи дека помалото распоредување веќе не е можно поради широкиот опсег технолошки и доктринарни закани.
Договорот за ИНФ беше потпишан во 1987 година од советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган. Договорот забрануваше развој, изградба или распоредување на ракети од копно во опсег од 500 до 5.500 км.
Во 2019 година, Доналд Трамп го раскина ИФН, оставајќи го само Договорот за намалување на стратешкото вооружување меѓу народите. Вашингтон се согласи да го продолжи Новиот СТАРТ до февруари 2026 година по повеќемесечен притисок од руската страна да го стори тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

