Свет
Московици: ЕУ мора да го укине или ограничи суверенитет за да го уништи популизмот

ЕУ мора да му стави крај на националниот суверенитет врз финансиите со создавање буџет за еврозоната за да се уништи популистичката политика во регионот на еврото, тврдат од Европската комисија.
Шефот за економски прашања на неизбраната извршна власт на ЕУ, Пјер Московици, рече дека е потребен поголем напредок во европската интеграција за да се одврати популизмот што тој го опиша како голема закана за нашите демократии, за либералните демократии, за владеењето на правото и за европските вредности.
„Имањето буџет за еврозоната е апсолутно одлучувачко ако сакаме да се справиме со популистичкиот предизвик, со проблемот на нееднаквостите. Европската криза повеќе не е економска криза. Тоа е криза на нееднаквост. Тоа е политичка криза. Тоа е криза на испорака. Ние треба да испорачаме повеќе. Тоа е суштината на реформата на еврозоната. Тоа не е техничко прашање, туку политичко“, изјави тој за „Еурактив“.
Осврнувајќи се на разговорите за Италија, каде што граѓаните избраа коалиција од евроскептичката партија Движење Пет ѕвезди и Лига, Московици предупреди против владиниот пркос на диктатите на ЕУ барајќи големо намалување на јавните трошоци. Еврокомесарот Гинтер Отингер претходно ја обвини популистичката италијанска влада дека сака да ја уништи Европа.
За време на уште еден напад врз Италија претходно овој месец поради неуспехот на владата да предложи веродостоен буџет, Московици жестоко го нападна популизмот во Европа зборувајќи за мали мусолинивци и за клима која изгледа многу слично на 30-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека „на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One по потпишувањето на мировниот договор за Газа и ослободувањето на последните 20 заложници што ги држеше Хамас.
„Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспообност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“
Свет
(Видео) Снимката кога Хамас ги разделува и киднапира го обиколи светот – сега повторно се заедно

Авинатан Ор (32) беше киднапиран заедно со својата девојка Ноа Аргамани на музичкиот фестивал кога Хамас го нападна Израел. Ноа беше спасена во израелска воена операција во јуни 2024 година. Во март оваа година, семејството на Авинатан добило знак дека тој сè уште е жив.
Денес, Авинатан Ор е ослободен и конечно се врати кај своето семејство во воената база Реим, на југот на Израел. Израелската војска објави трогателни снимки од неговата средба со родителите, Јарон и Дица.
„Толку многу се надевав дека ќе добијам прилика да ви кажам дека ве сакам и да ве видам уште еднаш во овој живот,“ рекол Ор по ослободувањето.
Former hostage Noa Argamani reunited with her boyfriend, Avinatan Or, after his release from Gaza.
The couple were kidnapped from the Nova Festival on Oct 7th 2023.
She was freed in a rescue operation in 2024.
Avinatan was released today after 2 years in captivity. pic.twitter.com/uWQM7dS5y3
— Oli London (@OliLondonTV) October 13, 2025
Видеото што го објави израелската војска го прикажува емотивниот момент кога Ор ја прегрнува својата девојка, Ноа Аргамани.
Двајцата беа киднапирани на музичкиот фестивал „Нова“ за време на нападите на Хамас на 7 октомври 2023 година. Снимката од киднапирањето, на која се гледа како Ноа ја одвезуваат на мотор, додека Авинатан го присилуваат да оди со рацете на грб, го обиколи целиот свет.
Ноа Аргамани беше спасена во јуни 2024 година, а на почетокот на овој месец се присети на последниот момент со својот партнер.
„Авинатан ми недостига сè повеќе со секој ден,“ изјави тогаш. „Се држам до надежта, секој ден, дека оваа ноќна мора наскоро ќе заврши и дека конечно ќе го живееме животот за кој сонувавме.“