Свет
Мохамед Џавад Зариф: САД се секогаш добредојдени за преговори
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, вели рече дека Вашингтон е секогаш добредојден да продолжи со преговорите со Техеран, но прво мора повторно да ги укине санкциите ,пренесува Ен-би-си.
„Штом овие санкции се укинат, тогаш собата за преговори е широко отворена. САД ја напуштија преговарачката маса и секогаш се добредојдени да се вратат“, вели Зариф, кој моментно е во Њујорк на конференција на ОН.
Тој истакна дека Трамп продолжува да зборува за наводните нуклеарни аспирации на Техеран, но посочи дека Иран одамна ја напуштил својата програма за нуклеарно оружје.
Да бевме заинтересирани за развој на нуклеарно оружје, можевме да го направиме тоа многу одамна“, рече тој.
Коментирајќи во врска со неодамнешната ескалација на тензиите меѓу двете земји за кои многумина стравуваат дека би можеле да доведат до сеопфатна војна, Зариф ја минимизира можноста од вооружен конфликт.
„Не верувам дека Трамп сака војна, но верувам дека околу него има луѓе на кои војната нема да им пречи. Јас не мислам дека тие ќе успеат бидејќи, на крајот на краиштата, мислам дека ќе преовлада внимателноста. Луѓето знаат дека Иран е голема, горда земја и нема лесно да примиме воен удар“, рече Зариф.
Коментирајќи што очекува од можните идни преговори, Зариф рече дека треба да се најде ситуација во која сите ќе бидат победници, како и во сите други преговори.
„Во спротивно, ќе се најдеме во ситуација во која сите ќе изгубат“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грчките земјоделци продолжуваат со блокади на граничните премини
Грчките земјоделци од денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини со Македонија, по неколку денови пауза заради новогодишните празници. Преминот Евзони ќе биде целосно затворен за влез и излез на сите видови возила во периодот од 17 до 21 часот по македонско време.
Како што пишуваат грчките медиуми, претставници на земјоделците од цела Грција денеска напладне ќе се сретнат во Малгара, западно од Солун, за да одлучат за идниот тек на нивните протести поради одложените субвенции од Европската Унија и други поплаки. Се очекува претставници од повеќе од 50 групи за блокади на патиштата низ целата земја да учествуваат на состанокот во недела, што е трета рунда разговори што доаѓа 35 дена откако трактори беа распоредени на различни клучни точки од патната мрежа на земјата и на царинските станици на границите со соседните земји.
По еден месец протести, земјоделците се чини дека не се подготвени да се откажат и би можеле да бидат подготвени да ја ескалираат својата акција. Се очекува нивното раководство да предложи да маршираат со своите трактори до главниот град, Атина.
Земјоделците протестираат против трошоците за производство и сакаат гарантирани цени на производство што би ги покриле – мерка што би ги прекршила регулативите на Европската Унија – како и субвенционирани цени на електрична енергија, ослободување од данок на додадена вредност и безцарински увоз на производи од региони со кои ЕУ има потпишано трговски договори. Тие исто така бараат итно удвојување на пензиите и, протестирајќи против доцнењата во исплатата на субвенциите по скандалот со земјоделските субвенции, бараат владата да ја поништи својата одлука, наметната од ЕУ, во суштина да ја укине агенцијата за исплата на субвенции OPEKEPE и да ја префрли одговорноста на независниот даночен орган AADE. Земјоделците се исто така против систем за евидентирање на производството и пратките преку интернет.
Владата сега ги разгледува своите следни чекори, таа е сосема свесна за потенцијалните политички последици од судирите. Поддршката за владејачките конзервативци претрпе удар во селата, многу повеќе отколку во градовите, а изборите се наѕираат во првата половина од 2027 година, или дури и порано, со моменталните анкети што предвидуваат победа на конзервативците, но далеку од вкупно мнозинство во Парламентот.
Свет
Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше
Првите единаесет жртви од катастрофалниот пожар во швајцарскиот ски-центар Кран Монтана, во кој загинаа вкупно 40 лица, се идентификувани, соопшти локалната полиција. Младиот Стивен Ивановски (16), по кој се трагаше по пожарот во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана е идентификуван како загинат.
Меѓу идентификуваните се осум млади лица на возраст меѓу 16 и 24 години кои живееле во Швајцарија. Италијанските медиуми јавија дека меѓу загинатите има и тројца италијански државјани.
Во меѓувреме, роднините на другите исчезнати лица продолжуваат да чекаат информации за нивната судбина. Некои од повредените исто така сè уште не се идентификувани. Многу од повредените имаат тешки изгореници и се лекуваат во специјализирани медицински центри. Според Федералната служба за цивилна заштита и помош при катастрофи на Германија, земјата примила вкупно единаесет тешко повредени лица од Швајцарија на лекување. Засега не се планирани нови трансфери, соопшти канцеларијата.
Гвидо Бертоласо, одговорниот за здравство на италијанскиот регион Ломбардија, изјави дека идентификувањето на некои од повредените е тешко поради нивните тешки повреди.
– Нивните лица се целосно преврзани. Не можеме да ги отстраниме завоите за да ги идентификуваме. Тие се интубирани и не можат да зборуваат, рече тој.
Во центарот на Кран Монтана, луѓето продолжуваат да се собираат во близина на местото на трагедијата, оставајќи цвеќе, писма, свеќи и плишани играчки во спомен на загинатите. Швајцарскиот министер за правда Беат Јанс, кој го посети местото на настанот, го опиша она што се случило како „незамислива трагедија“ и нагласи дека властите ќе сторат сè што е потребно за да се разјасни одговорноста за инцидентот.
Истражните органи соопштија дека против сопствениците на барот се води истрага под сомнение за предизвикување смрт од небрежност, телесни повреди од небрежност и ненамерно палење. Според прелиминарните податоци, пожарот на новогодишната ноќ веројатно бил предизвикан од прскалки поставени на шишиња шампањ од кои се запалил таванот на просторијата.
Швајцарија прогласи национален ден на жалост за 9 јануари. Во 14:00 часот ќе се огласат сите црковни ѕвона во земјата, а планирана е и минута молчење. Доцна синоќа во црквата во Кран Монтана се одржа комеморативна служба со учество на луѓе од сите возрасти. За денес по службата е закажан тивок марш до барот „Констелејшн“.
Свет
(Видео) Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк
Заробениот венецуелски претседател Николас Мадуро, откако со авион беше пренесен во Њујорк, светските медиуми објавуваат дека тој веќе е задржан во притворниот центар во Бруклин.
Според официјални лица на кои се повикуваат медиумите, се очекува тој првично утре да се појави пред федералниот суд на Менхетен.
Би-би-си пренесува дека Мадуро прво пристигнал во воена база во САД од каде со хеликоптер е однесен во канцелариите на американската администрација за борба против дрога (ДЕА) во Њујорк, пред да биде пренесен во објектот во Бруклин.
На социјалната мрежа Икс објавено е видео на кое се гледа како Мадуро облечен во црна маица со качулка се движи по ходник со син тепих на кој е напишано „DEA NYD“. Тој е со лисици на рацете, придружуван од агенти на ДЕА и се обидува да зборува англиски, велејќи „Добра ноќ“ и „Среќна Нова Година“.
Perp walked.pic.twitter.com/34iIsFUDdG
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) January 4, 2026

