Контакт

Свет

Мрачното минато на островот Сентоса – од јапонски логор до туристичка оаза

Објавено пред

Островот Сентоса, местото на историската средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, e популарна туристичка дестинација во југоисточна Азија со многу познати терени за голф и песочни плажи. Но, островот во Сингапур има и своја мрачна историја. Името на островот значи мир и спокој, но некогаш бил јапонски логор за воени затвореници од Британија и Австралија кога сојузничките сили ѝ се предале на Јапонија во 1942 година.

dobivaj vesti na viber

Островот кој годишно го посетуваат 20 милиони туристи било и место за масовни егзекуции на Кинези од Сингапур вклучувајќи и цивили, кои биле осомничени за антијапонски активности. Многу од убиствата се извршени на плажата на која сега се наоѓа светски познатиот голф-терен Серапонг.

Пред Британија да ја преземе контролата над Сингапур во 1824 година, островот беше напреден трговски центар, често посетуван од трговци и познат по пиратството. Во тоа време Сентоса била познат како Пулау Блаканг Мати, што директно се преведува – остров каде што смртта ве демне од зад грб.

Кога јапонските сили го презеле Сингапур во 1942 година, му било дадено ново јапонско име – Сионан, што значи светлина на југот. Кога Сингапур доби независност во 1965 година, островот беше преименуван во Сентоса, малајски збор што значи мир и спокојство.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, потврди дека средбата ќе се одржи во хотелот „Капел“ со пет ѕвездички. Сентос е еден од 63-те острови што го сочинуваат Сингапур. Овој остров од 500 хектари, недалеку од главниот остров, е дом на луксузни одморалишта, приватни марини и голф-клубови. Хотелот во кој ќе се одржи состанокот е сместен во тропска шума, а го дизајнира британскиот архитект Норман Фостер во колонијален стил.

Хотелот се смета за еден од најлуксузните на островот и веројатно и поради врвната услуга што ја нуди, овој хотел е избран да биде токму тој место на историскиот состанок меѓу Ким и Трамп. Функционерите на Белата куќа веќе го посетија хотелот и ги договорија деталите во врска со состанокот на 12 јуни. Сè до состанокот нема да биде возможно да се изнајми соба во овој хотел.

Самата локација на островот, кој се наоѓа веднаш до главниот остров, го прави Сентос совршено место кога се безбедносните мерки во прашање. Пристапот до главниот остров е брз и лесен, а ако на светските политичари им треба малку одмор, Сентос е преполн со терени за голф.

Локацијата на самитот закажан за 12 јуни во 9 часот по локално време е одбрана поради многу логични причини. Островот се наоѓа на само половина километар од јужниот брег на Сингапур, каде што ќе биде полесно да се спроведат засилени безбедносни мерки што се вообичаени за ваквите состаноци.

Воздушниот простор над Сингапур ќе биде затворен за време на самитот меѓу САД и Северна Кореја следната недела. Оваа југоисточна азиска држава, која на 12 јуни ќе биде местот на историската средба меѓу американскиот претседател и севернокорејскиот лидер, ги засили мерките за безбедност во целата територија. Во предупредувањето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство и Администрацијата на федералното воздухопловство наведено е дека воздушниот простор на Сингапур ќе биде затворен на 11,12 и на 13 јуни.

Трамп претходно го откажа состанокот планиран за 12 јуни, меѓутоа со засилени контакти помеѓу двете страни договорот повторно оживеа. Тој најави дека првиот состанок ќе биде вовед во подолгите преговори нарекувајќи го овој состанок шанса за запознавање.

 

Свет

СЗО бара да се обезбедат пари за итни здравствени случаи

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) бара да се обезбедат една милијарда долари за здравствени итни случаи оваа година.

dobivaj vesti na viber

Чиквез Ихеквезу на прес-конференција во Женева изјави дека апелот за обезбедување пари е помал од минатата година, бидејќи финансирањето од донаторите се намалува, објави Ројтерс.

„Се фокусираме на оние на кои им е најпотребно, каде што можеме да спасиме најмногу животи“, истакна Ихеквезу. Според него, средствата ќе бидат насочени кон 36 итни здравствени ситуации, вклучувајќи ги Газа, Судан и Украина.

„Длабоко сме загрижени за огромните потреби и како ќе ги задоволиме“, додаде тој. Ихеквезу негираше дека СЗО целосно ќе се повлече од каква било криза.

„Она што го направивме е дека, во секој од тие контексти, можеби не направивме толку колку што би сакале“, рече Ихеквезу.

Соединетите Американски Држави официјално ја напуштија СЗО на 22 јануари, откако ја обвинија глобалната здравствена агенција за справувањето со пандемијата Ковид-19. Во минатото, САД беа главен донатор за здравствените вонредни состојби на СЗО, кои се потпираат на доброволни донации и на нејзиниот поширок буџет, кој делумно се базира на задолжителни членарини.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Шпански „Ф-18“ пресретнал руски „Су-30“ со необично оружје над Балтикот

Објавено пред

Шпанските борбени авиони Ф-18М Хорнет пресретнаа, за време на неодамнешната мисија, руски авион што носел необичен борбен товар за време на операциите над балтичкиот регион.

dobivaj vesti na viber

Шпанското Министерство за одбрана објави детали за мисијата што ја извршија авионите распоредени во Литванија како дел од мисијата на НАТО.

Шпанските „Хорнети“ пресретнаа неодреден број руски борбени авиони што летаа над меѓународни води во близина на воздушниот простор на НАТО, пренесуваат светските медиуми.

Според написите, врз основа на фотографиите објавени од Министерството за одбрана на Шпанија, еден од руските авиони бил „Су-30СМ2“, според „Авиејшист“, цитиран од „Вечерњи лист“.

Иако авионите „Су-30СМ“ не се ретки во меѓународниот воздушен простор над балтичкиот регион, пресретнувањето го прави необичното борбено оптоварување на руските авиони особено интересно.

Речиси во исто време, руската државна новинска агенција Тас објави дека борбените авиони и бомбардерите на Балтичката флота учествувале во планирани вежби што вклучувале прецизни напади врз копнени цели.

Според тој извештај, екипажите на „Су-30СМ2“, повеќенаменските ловци и бомбардерите „Су-24М“ вежбале мисии на огнена поддршка, воздушно извидување и прецизно бомбардирање на полигонот за обука во источниот дел од Калининградската област.

Дополнително, биле вежбани борбени маневри и избегнување на симулирани непријателски ловци и противвоздушни системи.

Русија не го поврза директно пресретнатиот „Су-30СМ2“ со овие вежби, но извештајот на Тас ја отвора можноста авионот забележан над Балтичкото Море да бил дел од поширока активност, а не од независна патрола или демонстрација на сила, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ е „отворена“ за разговори за зајакнување на трговските врски со Велика Британија, вели Домбровскис

Објавено пред

Европската унија е „отворена“ за разговори за зајакнување на трговските врски со Велика Британија, вклучително и можноста за соработка во рамките на царинската унија, изјави европскиот комесар за финансии, Валдис Домбровскис.

dobivaj vesti na viber

Домбровскис изјави за Би-Би-Си дека ЕУ е „подготвена да се ангажира“ доколку Лондон сака да го разгледа тој чекор, нагласувајќи дека Брисел пристапува кон разговорите со „отворен ум“.

Неговите коментари следеа по состаноците на високо ниво во Лондон со британските министри, вклучувајќи ја и канцеларката Рејчел Ривс. Тој додаде дека Велика Британија и ЕУ би можеле да ги укинат „повеќето“ проверки на храната на границата, под услов Лондон да ги почитува санитарните и фитосанитарните правила на ЕУ.

Тој, исто така, навести за подготвеноста на Брисел повторно да го разгледа учеството на Велика Британија во програмата за одбранбени кредити на ЕУ SAFE, вредна 150 милијарди евра, откако преговорите за ова прашање претходно беа „заглавени“.

Домбровскис нагласи дека најсеопфатниот и заемно корисен аранжман би бил враќањето на Велика Британија на единствениот пазар на ЕУ, но дека тоа би барало прифаќање на „четирите слободи“, вклучувајќи ја и слободата на движење на луѓето, што Лондон досега го отфрла.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија2 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион3 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија3 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија4 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија4 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет7 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа7 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет8 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа8 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет9 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет9 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија9 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија22 часа

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија24 часа

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија24 часа

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија1 ден

Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за во четврток, велат од Владата

Владата, како што соопштија од таму, најостро реагира на обидите за создавање лажна слика за социјалниот дијалог, а во врска...