Свет
Набљудувач на ОБСЕ шокиран од шведските избори: „Никогаш не сум видел таков недемократски систем“
Шведските избори првпат беа набљудувани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), па набљудувачите изразија шокираност од недемократскиот систем на нацијата, пренесува „Брејбарт“. Данскиот делегат Мајкл Аструп Јенсен, кој претходно ги следеше изборите во Русија и во Источна Европа, изјави за „Берлинске“:
„На ниедно од многуте изборни набљудувања на кои сум бил не сум видел такво нешто кое не е ни блиску толку недемократско како шведскиот систем на гласање“.
Јенсен, кој е портпарол за надворешна политика во данската владејачка Либерална партија, рече дека главниот проблем во шведскиот изборен систем е недостигот од приватност за граѓаните што гласаат. Одделни партии имаат одделни гласачки ливчиња во Шведска, а изборот се одвива јавно бидејќи избирачите мора да ги одберат своите гласачки ливчиња пред да ги стават во гласачка кутија.
„Ова ни оддалеку не личи на европските изборни стандарди или на нешто што би го дозволиле дури и во Источна Европа“, рече тој.
Јенсен, надвор од официјалните должности за набљудување, посетил неколку избирачки места во Малме за со свои очи да види како се одива гласањето, а пред гласачките места видел застанати голем број партиски војници кои се обидувале да им дадат гласачки ливчиња на гласачите на своите партии. Како претседател на данската делегација во Советот на Европа, организацијата одговорна за Европскиот суд за човекови права, Јенсен се надева дека ќе го привлече вниманието кон проблемите со шведскиот изборен систем.
„Ќе го потенцирам проблемот во Советот на Европа за да можеме да ги испратиме најсилните можни сигнали до Шведска дека треба да ги воведе правилата што се применуваат во Данска и практично во секоја друга земја во светот“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Поранешниот принц Ендру се исели од резиденцијата во Виндзор
Под товарот на новите откритија во случајот со осудениот педофил Џефри Епстин, поранешниот принц Ендру го напушти својот луксузен дом во Виндзор и се пресели во кралскиот имот Сандрингам во источна Англија, објави Би-би-си.
Поранешниот принц наводно вчера ја напуштил кралската резиденција „Ројал Лоџ“, објави Би-би-си, додека АФП објави дека Бакингемската палата одбила да ја потврди информацијата.
Би-би-си објави дека Ендру привремено престојува во објект на имотот Сандрингам додека се реновира неговиот нов дом.
На братот на кралот Чарлс III му беше наредено да ја напушти луксузната вила каде што живеел повеќе од две децении со неговата поранешна сопруга Сара Фергусон во октомври, откако му беа одземени кралските титули поради пријателството со Џефри Епстин.
Притисокот врз Ендру Маунтбатен-Виндзор се засили во последните денови откако се појави во нови документи за Епстин објавени од Министерството за правда на САД во петокот.
Меѓу новите компромитирачки документи се и фотографии од него како клечи над жена, како и е-пошта со која Епстин е поканет во Бакингемската палата на „приватен“ состанок.
Британскиот премиер Кир Стармер реагираше на откритијата, велејќи дека поранешниот принц треба да сведочи пред американскиот Конгрес за злосторствата на покојниот педофил.
Вирџинија Џуфре, жртва на Епстин, тврдеше дека била принудена да има сексуални односи со Ендру три пати. Тој ѝ платил мултимилионска отштета во 2022 година, но не се изјаснил за виновен.
Друга жртва на Џефри Епстин преку својот адвокат изјави дека американскиот педофил ја испратил во Велика Британија во 2010 година за да има сексуални односи со Ендру во неговата резиденција „Ројал Лоџ“, во близина на замокот Виндзор.
Портпаролот на британската локална полиција во вторник вечерта изјави дека тие „ќе ги истражат овие информации“, но дека ниту жената ниту нејзиниот адвокат не контактирале со полицијата.
Свет
Амбасадата на САД во Куба со предупредување до своите граѓани: Подгответе се за протести и недостиг на електрична енергија
Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба ги предупреди своите граѓани во таа земја да се подготват за можни антиамерикански протести спонзорирани од кубанската влада, како и за значителни прекини предизвикани од прекини на електричната енергија и недостиг на гориво.
Во соопштението се наведува дека на некои американски граѓани им е забранет влез по пристигнувањето и дека оние кои се или планираат патување во Куба треба да преземат мерки на претпазливост, штедејќи гориво, вода, храна и батерии за мобилни телефони, бидејќи прекините на електричната енергија се секојдневна појава поради нестабилната национална електрична мрежа, објавува Ројтерс.
Предупредувањето дојде откако САД ги блокираа пратките на нафта за Куба, вклучително и оние од Венецуела, што доведе до зголемување на цените на храната и транспортот и сериозен недостиг на гориво.
Заменик-министерот за надворешни работи на Куба изјави дека Куба и САД комуницираат, но дека размените сè уште не се формализирани како дијалог, објавува Танјуг.
Свет
САД: И вративме на Венецуела 500 милиони долари од продажба на нафта
САД и ги вратија на венецуелската влада сите 500 милиони долари од првичната продажба на нафта што беше дел од договорот постигнат меѓу Каракас и Вашингтон минатиот месец, изјави американски функционер.
Последните 200 милиони долари од продажбата се испратени во Венецуела, изјави функционерот, зборувајќи под услов да остане анонимен.
Договорот дојде откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро беше заробен во американска воена операција на 3 јануари.
„Венецуела официјално ги прими сите 500 милиони долари од првичната продажба на венецуелска нафта“, рече функционерот.
Парите „се исплаќаат на венецуелскиот народ, во согласност со одлуката на американската влада“, рече функционерот.
Минатата недела, за време на сведочењето на Капитол Хил, државниот секретар Марко Рубио рече дека американското учество во продажбата на венецуелска нафта е краткорочен напор насочен кон стабилизирање на земјата, одржување на владата на површина и помагање на народот.

