Свет
Навални ќе биде погребан в петок, неговите поддржувачи ќе може да присуствуваат
Погребот на Алексеј Навални ќе се одржи во Москва в петок, изјави неговата портпаролка, по потрагата по место каде што неговите поддржувачи би можеле да се простат од 47-годишниот дисидент, кој почина во сибирска казнена колонија на 16 февруари.
Кира Јармјуш на X објави дека погребната служба ќе се одржи во црквата на Богородица во московскиот кварт Маржино и ги покани луѓето да се соберат таму.
Навални потоа ќе биде погребан.
Неговите приврзаници го обвинуваат претседателот Владимир Путин за убиство.
Кремљ негира вмешаност на државата во неговата смрт и исто така тврди дека тие не знаеле за каков било договор за ослободување на Навални.
Во неговата смртна потврда пишува дека починал од природна смрт.
Пред четири дена, 12 дена по неговата смрт, телото на Алексеј Навални, конечно, ѝ беше предадено на мајка му Људмила.
Ден претходно таа за медиумите изјави дека руските власти ѝ дале ултиматум во рок од неколку часа да го закопа синот тајно меѓу семејството, во спротивно ќе го закопаат во колонијата во која починал.
Кремљ нејзините изјави ги нарече „апсурдни“.
Во вторникот портпаролката на починатиот опозициски лидер рече дека неговиот тим има пешкотии да најде погребално претпријатие, а исто така рече дека некои одбиле да ја одржат церемонијата кога дознале за кого станува збор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

