Свет
Над два милиона луѓе во светот починале како последица на коронавирусот

Најмалку 2.253.813 лица починале во светот од коронавирусот. Над 103.827.020 заболеле, а најмалку 63.195.000 оздравеле, покажуваат најновите податоци што се базираат на дневни извештаи на здравствените власти во секоја земја.
Држави со најголема смртност се САД со 3.673 починати, Велика Британија со 1.449 и Бразил со 1.210.
САД се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот со 446.901 починат и 26.435.696 заразени, според Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Меѓу најтешко погодените земји во Европа е Белгија, која има најголем број смртни случаи на жител, 183 на 100.000 жители, следуваат Словенија (170), Велика Британија (159), Чешка (156) и Италија (148).
Податоците се добиени од националните здравствени услуги и Светската здравствена организација. Агенцијата „Франс прес“ забележува дека дневните податоци можеби не се совпаѓаат со објавените податоци претходниот ден бидејќи властите прават корекции на податоците или доцнат со објавувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Хамас ќе се соочи со тотално уништување ако не се согласи со планот за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „тотално уништување“ ако одбие да ја предаде власта и контролата врз Газа.
„Тотално уништување!“ , рече Трамп за Си-Ен-Ен, кога го прашаа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт.
На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува прекинувањето на бомбардирањето на Газа и пошироката визија за САД, Трамп за Си-Ен-Ен изјави: „Да, Биби е за“.
Американскиот лидер додаде дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот.
– Ќе дознаеме. Само времето ќе покаже – одговори Трамп.
Овде прочитајте што содржи планот на Трамп за прекин на војната во Газа составен од 20 точки.
Свет
За 24 часа Израел изврши 93 напади врз Појасот Газа, најмалку 70 загинати

Во последните 24 часа, израелските сили извршија 93 напади врз Појасот Газа во кои беа убиени најмалку 70 Палестинци, соопшти Канцеларијата за медиуми во Газа.
Канцеларијата изјави дека 93 израелски воздушни и артилериски напади биле насочени кон густо населени цивилни области, како и раселени Палестинци низ окупираната палестинска енклава, објави Ал Џезира.
– Ова ново злосторство спаѓа во рамките на тековниот геноцид врз нашиот палестински народ и потврдува дека окупаторот ги игнорира сите меѓународни повици за смиреност и инсистира на продолжување на систематското убивање на цивили и уништување на темелите на животот во Појасот Газа – се вели во соопштението на прес-службата.
Канцеларијата апелираше до администрацијата на Трамп и меѓународната заедница да преземат „сериозни, ефикасни и итни мерки“ за да го спречат израелското бомбардирање.
Според проценките на израелската армија, околу 900.000 од вкупно околу еден милион Палестинци, кои живееле во градот Газа и северниот дел од енклавата пред големата офанзива на Израелските одбранбени сили (ИДФ), биле евакуирани на југ од Појасот Газа.
Според израелските податоци, бројот на Палестинци кои го напуштаат северниот дел од Појасот Газа се зголемил во последните недели по напредувањето на израелската армија, објави „Тајмс оф Израел“.
Сепак, Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните прашања на 2 октомври објави дека „се проценува дека стотици илјади луѓе остануваат во градот Газа и северниот дел од енклавата“.
Минатиот месец на цивилите им беше наредено да го евакуираат градот Газа и сите области во северниот дел на енклавата и да се упатат кон хуманитарната зона назначена од Израел во јужниот дел на Појасот Газа.
Свет
Прорускиот премиер на Грузија ја обвини ЕУ за мешање во внатрешната политика: „Демонстрантите сакаа да ја срушат владата, амбасадорот да ги осуди протестите“

Грузискиот премиер Иракли Кобахизе изјави дека демонстрантите кои се обидоа насилно да влезат во претседателската палата всушност се обидуваат да ја соборат владата и ја обвини Европската Унија за мешање во грузиската политика.
Грузиската полиција за немири вчера употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред претседателската палата и приведе пет активисти кои учествуваа во големиот протест организиран од опозицијата на денот на одржувањето на локалните избори, објави Ројтерс.
Кобахизе, прорускиот премиер на Грузија, рече дека на собирот учествувале до 7.000 луѓе, но дека нивниот обид за соборување на уставниот поредок не успеал, и покрај поддршката од Европската Унија.
Тој го обвини амбасадорот на ЕУ, Павел Херчински, за мешање во грузиската политика и го повика да ги осуди протестите.
„Знаете дека одредени лица од странство дури и отворено ја изразија својата поддршка за сето ова, односно за најавениот обид за уривање на уставниот поредок. Во овој контекст, амбасадорот на Европската Унија во Грузија носи посебна одговорност. Тој треба јавно да излезе, да се дистанцира и најостро да го осуди сè што се случува на улиците на Тбилиси – нагласи Кобахизе.
Европската унија не ги коментираше тврдењата, но во јули дипломатската служба на ЕУ ги отфрли и ги нарече дезинформации и неосновани обвинувањата од грузиските власти за наводната улога на ЕУ во Грузија.
– Неодамнешните објави во кои лажно се тврди дека Европската Унија сака да ја дестабилизира Грузија, да ја вовлече во војна или да наметне таканаречени „нетрадиционални вредности“ се намерен обид за заблуда на јавноста, објави ЕУ во јули.