Свет
Над 70 илјади лица останаа без домови по разорниот земјотрес во Индонезија
Повеќе од 70 000 лица останаа без домови и спијат во импровизирани засолништа каде што има недостиг од храна, вода и медикаменти, три дена по смртоносниот земјотрес на индонезискиот остров Ломбок, објавија властите.
Потресот од 6,9 степени според Рихтер во неделата вечер усмрти најмалку 113 Индонезијци, според најновите официјални податоци.
Покрај мртвите, 236 лица се тешко повредени, а повеќе од десетина илјади куќи се оштетени, објавија властите, кои тврдат дека има недостиг од медицински персонал и основни намирници.
Илјадници туристи, главно странци, се евакуирани од островите Гили, три мали рајски острови кои се најпопуларни меѓу туристите поради подводниот риболов, а се наоѓаат северозападно од Ломбок.
Во провинцијата Западна Нуса Тенгара, каде што се наоѓа Ломбок, има континуиран недостиг од храна, лекови и медицински персонал. Во одделни делови на тој остров со површина од 4 700 метри со земја се срамнети повеќе села и жителите спијат под ведро небо.
Индонезија лежи на т.н. пацифички огнен прстен и редовно е погодувана од земјотреси. Во 2004 година во цунами предизвикано од потрес во Индискиот Океан загинаа 226 000 луѓе во 13 земји, од кои повеќе од 120 000 во Индонезија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

