Свет
Наместо следната година, избори во Турција за два месеца
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека парламентарните и претседателските избори во Турција ќе се оддржат на 24 јуни, една година пред планираното.
Ердоган објасни дека одлуката следи по разговорите со шефот на националистичката партија, Девлет Бахчели, кој ден претходно го изнел предлогот.
„Иако претседателот и владата работат хармонично, на секој чекор се среќаваме со слабостите на стариот систем“, изјави Ердоган за време на телевизиско обраќање.
Тој рече дека развојот на ситуацијата во Сирија налага преминувањето кон новиот извршен систем да се оствари итно, со цел да се преземат силни чекори за иднината на Турција.
Претходно, парламентарните и претседателските избори беа планирани за ноември, следната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Будимпешта обвинува: Со одлуката за рускиот имот завршува владеењето на правото во ЕУ
Унгарија упати остри критики за гласањето во Брисел за замрзнатиот руски имот, оценувајќи дека со тоа се кршат темелните европски договори и принципот на едногласност. Од Будимпешта порачаа дека ваквата одлука значи крај на владеењето на правото во Европската Унија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Брисел денес го преминува Рубикон“, наведувајќи дека со писменото гласање се укинува барањето за едногласност при одлучувањето за замрзнатите руски средства. Според него, со оваа одлука европските лидери се ставаат над правилата и завршува владеењето на правото во ЕУ.
Орбан ја обвини Европската комисија дека ги крши европските договори за да продолжи, како што рече, војната во Украина, оценувајќи дека во Унијата наместо владеење на правото настанува „владеење на бирократи“.
Свет
Кремљ: Не сме ги виделе новите американски предлози, можеби нема да ни се допаднат
Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва сè уште не ги видела ревидираните американски предлози по последните разговори со Украина, додавајќи дека е можно дел од нив да не ѝ се допаднат на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев се усогласил околу клучни точки од планот за повоена обнова на Украина, по разговорите со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и други високи претставници. Зеленски наведе дека работата на „економскиот документ“ е во тек и дека Украина е целосно усогласена со американската страна.
САД, според текстот, планираат формирање инвестициски фонд во Украина, кој би ги опфатил и секторите за ретки метали, како дел од повоената обнова.
Москва, исто така, сигнализирала интерес за странски инвестиции, откако „Волстрит журнал“ објави дека во американскиот мировен план има предлози и за вложувања во руски ретки минерали и енергетика. Ушаков изјави дека Русија сè уште не ги видела новите предлози и навести дека Москва можеби нема позитивно да ги прифати.
„Не сме ги виделе ревидираните верзии на американските нацрти. Кога ќе ги видиме, можеби многу работи нема да ни се допаднат“, изјави Ушаков.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека повеќе нема „недоразбирања“ со Вашингтон околу Украина, но додаде дека Москва сака евентуалниот мировен план да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите страни.
Свет
Патник на лет од Хонг Конг се обидел да ја отвори вратата од авионот, уапсен е
Полицијата во Хонг Конг соопшти дека уапсила патник на летот CX811 на „Катај Пацифик“ од Бостон до Хонг Конг, откако превозникот соопшти дека едно лице се обидело да ја отвори вратата на авионот за време на летот.
Авиокомпанијата соопшти дека никој не е повреден и дека авионот безбедно слетал рано наутро во четврток. Инцидентот сега го решава градската полиција.
„Нашиот персонал веднаш реагираше на ситуацијата, ги провери вратите за да се осигури дека се безбедно затворени и го пријави инцидентот на надлежните органи и полицијата“, рече Катај.
„Случајот е упатен до полицијата за истрага. Во „Катај“, безбедноста на нашите патници и екипаж е во срцето на секоја одлука што ја донесуваме“, рекоа тие.
Полицијата во Хонг Конг го потврди инцидентот и рече дека 20-годишен маж од континентална Кина е уапсен рано вчера под сомнение за кршење на прописите за безбедност во воздухопловството.

