Контакт

Свет

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.

dobivaj vesti na viber

Детали од разговорот објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.

Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува „Ројтерс“.

Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за поведување на нападот и дека ја искористил можноста.

Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдечен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.

Свет

(Видео) „Никогаш нема да ја извадам таа слика од главата“: очевидци на убиството на Чарли Кирк

Објавено пред

Присутните на настанот на кампусот на Универзитетот Јута Вали, каде што синоќа беше убиен американскиот конзервативен активист Чарли Кирк, ги опишаа сцените на паника што следеа по фаталната пукотница. Кирк (31), влијателен човек и близок сојузник на Доналд Трамп, беше убиен со еден куршум во вратот додека држеше говор пред околу 3.000 луѓе како дел од неговата „Американска турнеја за враќање“, објави „BBC News“.

dobivaj vesti na viber

„Го видовме телото како паѓа“

Полицијата верува дека истрелот бил испукан од покривот на блиската зграда, на околу стотина метри оддалеченост. Видеата од социјалните медиуми го покажуваат Кирк како зборува за насилство со оружје само неколку моменти пред да биде застрелан.

„Моите пријатели и јас се забавувавме само слушајќи што се случува. Одеднаш слушнавме гласен крик, силен тресок, а потоа го видов неговото тело како паѓа во забавена снимка“, изјави еден очевидец за „BBC News“.

Портер Лафербер, студент и „голем обожавател“ на Кирк, беше на околу петнаесет метри оддалеченост. „Седев таму снимајќи го, престанав да снимам и тогаш го слушнав тој истрел. Не разбираш што се случило сè додека не се случи. Чарли паѓа од столот, сите почнуваат да паничат“, изјави тој за „Би-Би-Си“. Лафербер додаде дека се скрил зад бетонска ограда, а потоа истрчал кон најблиската зграда.

„Не сакам да умрам“

Даниел беше уште поблиску, на помалку од пет метри од сцената. „Беше ужасно. Се што слушнав беше врескање. Видов луѓе како трчаат и си помислив: „Не е безбедно да се трча. Не е безбедно да се станува“… И се што велев беше: „Те молам Боже, те молам Боже, те молам Боже, затоа што не сакам да умрам“, изјави за Ројтерс.

Поранешниот американски конгресмен Џејсон Чафец, кој беше на настанот со својата ќерка, ги потврди сцените на хаос. „Куршумот отиде директно во него. Сите беа на подот и трчаа“, изјави тој за „Фокс њуз“.

Адам Бартоломеј, кој интервјуираше контра-протестанти на настанот, исто така го опиша општиот хаос. „Имаше хаос и луѓето трчаа кон излезите. Неколку луѓе беа во солзи“, изјави тој за „Би-Би-Си“.

Фил Лајман, поранешен конгресмен од Јута, ја делеше сцената со Кирк непосредно пред неговиот говор. „3.000 деца кои во основа гледаат како некој е застрелан пред нив, тоа е навистина трауматично. Навистина е тешко“, рече тој.

Ема Питс од „Дезерет њуз“, која известуваше од настанот, рече: „Никогаш нема да ја извадам таа слика од главата“. Питс додаде дека била изненадена од недостатокот на безбедност. „Никој не ја скенирал нашата опрема, никој не ги скенирал нашите торби, немало обезбедување“, рече таа. Бартоломеј се согласи, велејќи дека е и „изненаден“ што никој не му ја проверил торбата.

Универзитетот Јута Вали соопшти дека имало шест обезбедувачи за предавањето, покрај приватното обезбедување на Кирк.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

НАСА им забрани на кинеските граѓани да работат на вселенски програми

Објавено пред

Американската вселенска агенција НАСА почна да спроведува забрана за кинеските граѓани да работат на нејзините програми, дури и за оние со важечки визи, што дополнително го нагласува интензивирањето на вселенската трка меѓу САД и Кина, пишува Гардијан.

dobivaj vesti na viber

Оваа промена на политиката, која првпат ја објави Блумберг њуз, ја потврди самата НАСА.

„НАСА презеде внатрешни мерки поврзани со кинеските државјани, вклучително и ограничување на физичкиот и сајбер пристапот до нашите објекти, материјали и мрежа, за да се обезбеди безбедноста на нашата работа“, изјави портпаролката на агенцијата Бетани Стивенс.

Според Блумберг, на кинеските државјани претходно им било дозволено да работат како надворешни соработници или студенти кои придонесуваат за истражување, иако не можеле да бидат вработени. Сепак, ситуацијата драстично се промени на 5 септември, кога неколку лица, зборувајќи анонимно, потврдија дека одеднаш им е одбиен пристап до ИТ системи и им е забрането да присуствуваат на состаноци.

Оваа одлука доаѓа во услови на зголемена антикинеска реторика од администрацијата на претседателот Доналд Трамп, во време кога САД и Кина се натпреваруваат кој ќе биде прв што повторно ќе испрати човечки екипаж на Месечината.

Американската програма „Артемис“, наследник на легендарната програма „Аполо“, има за цел слетување во 2027 година, но се соочува со пречекорување на трошоците и значителни одложувања.

Од друга страна, Кина планира да ги спушти своите таиконаути на Месечината до 2030 година.

„Во моментов сме во уште една вселенска трка“, изјави минатата недела вршителот на должноста администратор на НАСА, Шон Дафи.

„Кинезите сакаат да се вратат на Месечината пред нас. Тоа нема да се случи. Америка водела во вселената во минатото и ќе продолжиме да водиме во вселената во иднина.“

Покрај Месечината, Кина има амбиции да стане првата земја што ќе донесе примероци од површината на Марс. Планира таа роботска мисија да се лансира во 2028 година, додека враќањето на Земјата треба да биде веќе во 2031 година.

Во исто време, со својот предлог за буџет, администрацијата на Трамп сигнализираше дека има намера да ја откаже планираната мисија за донесување примероци од Марс (MSR), што е заеднички проект со Европската вселенска агенција. Оваа задача би можела да ја изврши мисија со екипаж, но конкретните детали сè уште не се познати.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти го живеат сонот

Објавено пред

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното 5 и пол месечно девојче со симболично име Богдана.

dobivaj vesti na viber

Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика бројни реакции низ целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.

„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за Проверено. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.

Сепак, тие успеале да го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце клетки, на приватна клиника во Македонија. За донорот, во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.

Со оглед на тоа што Соња се опоравува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како неговиот дедо“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.

Тие имаат уште две замрзнати јајце клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.

„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Дождот не помогна многу – чадот од Дрисла и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот во депонијата Дрисла, што се чувствува во воздухот во Скопје. Директорот...

Македонија2 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет3 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија3 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет3 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет5 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија5 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија14 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија17 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија19 часа

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија22 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија22 часа

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија23 часа

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет24 часа

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија1 ден

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...

Македонија1 ден

Дали Македонија станува третата српска република, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот...

Европа1 ден

Завршена полската воена операција

Полската војска ја заврши својата воена операција откога собори беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор во текот на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп прашан за дроновите во Полска додека излегуваше од ресторан, не одговори

Полската војска рано утрово објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа1 ден

Украина предлага нов пристап по упадот на дроновите во Полска: „Путин продолжува да ескалира, да ја проширува својата војна и да го тестира Западот“

Упадот на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор покажува дека „чувството на неказнивост на Путин продолжува да расте“, предупреди...

Свет1 ден

Катарскиот премиер: Преговорите со Израел во моментот нема да дадат плод

Премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, вчера изјави дека напорите за медијација се дел од идентитетот на Катар...