Свет
Наплив од пребарувања за преселба во Канада на „Гугл“ по претседателската дебата
Првата претседателската дебата во САД може да ги испрати Американците кон север наместо кон гласачките кутии, пишува „Њујорк пост“.
Пребарувањата на „Гугл“ за преселба во Канада се појавија по претседателската дебата во 2020 година меѓу претседателот Доналд Трамп и кандидатот на демократите, Џо Бајден.
Барањата за „како да се аплицира за канадско државјанство“ вртоглаво се зголемија околу еден час по почетокот на натпреварот во викање меѓу Трамп и Бајден достигнувајќи кулуминација околу 22.30 часот, според податоците на „Гугл“.
Cheering you all on from this side of the border! You got this! https://t.co/eYwNq9d8BK
— Lucky Budd (@lucky_budd) September 30, 2020
Пребарувањата биле најпопуларни во Масачусетс, Охајо и во Мичиген. „Како да се преселите во Канада“ и „да се преселите во Канда“ исто така доживеаја наплив на пребарувања за време на дебаклот од дебата, која беше полна со прекини, недовршени поенти и непријатни напади.
„Навиваме за сите вас од оваа страна на границата! Ќе успеете!“, напиша еден корисник на „Твитер“.
Sorry, we've built a wall on our southern border. ?? https://t.co/D0vhPLDo1n
— Tim Young (@TimisYoung) September 30, 2020
Другите Канаѓани не беа толку поддржувачки настроени.
„Извинете, изградивме ѕид на нашата јужна граница“, се пошегува друг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

