Свет
Напредок во борбата против Алцхајмерова болест: Вториот пациент со „природен имунитет“ се одбранил од деменција 20 години
Колумбиец успеал да ја спречи Алцхајмеровата болест благодарение на неговиот природен имунитет и покрај тоа што имал ген што го правел поподложен на болеста. „Дејли мејл“ објави дека Колумбиецот е официјално вториот познат случај со природен имунитет.
Тим од меѓународни научници откри дека Колумбиецот, за кој се предвидува дека имал деменција во неговите 40-ти, носел и ретка генетска варијација што му помогнала да се заштити од ослабување на меморијата.
Човекот починал на 74-годишна возраст со само умерена деменција.
Истражувачите се надеваат дека нивните наоди би можеле да доведат до одредени области во мозокот каде што болеста може да се запре или да се одложи прогресијата, што ќе донесе надеж за милиони луѓе кои имаат Алцхајмерова болест.
Ова доаѓа откако научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) открија нов начин за да се промени Алцхајмеровата болест, користејќи низа аминокиселини да спречат ензим кај глувците што е типично премногу активен во мозокот на луѓето со оваа болест.
Човекот, поранешен механичар од Колумбија, ја наследил мутацијата на генот „Paia“ кога се родил, што предвидува дека болеста би го убила во неговите 60-ти. Оваа мутација е најчеста причина за раниот почеток на Алцхајмеровата болест и најчесто се наоѓа кај оние што живеат во Колумбија. Лесно когнитивно оштетување се појавува на околу 45-годишна возраст, а деменција до 50-та година.
Наместо тоа, човекот што го проучувале научниците ја задржал отпорноста на болеста и се пензионирал во раните 60-ти години пред да умре на 74 години во 2019 година.
Човекот првпат бил прегледан од невролози на 67-годишна возраст, кои откриле дека е когнитивно нормален, а ниту тој ниту неговото семејство биле загрижени за неговата меморија.
Тој е вториот пациент кој некогаш се спротивставил на моќта на генот за Алцхајмерова болест, објави тим на научници во списанието „Nature Medicine“.
Истражувачите го разгледале неговиот геном за да пронајдат различна мутација која можеби му помогнала да се заштити од болеста. Тимот открил дека мажот има мутација во генот кој го кодира протеинот наречен релин, кој е поврзан со мозочни нарушувања, вклучувајќи шизофренија и аутизам.
Научниците сметаат дека протеинот можеби бил тој што го спасил човекот од деменција, бидејќи неговиот мозок изгледал како некој зафатен од оваа болест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

