Свет
НАТО ги осуди нападите на Русија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ги осуди денешните руски напади во Украина.
„Разговарав со министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, и ги осудувам страшните и неселективни напади врз цивилната инфраструктура во Украина. НАТО продолжува да го поддржува храбриот украински народ да се бори против агресијата на Кремљ онолку долго колку што е потребно“, напиша Столтенберг на својот профил на „Твитер“.
Речиси 75 руски ракети утрово беа испратени на територијата на Украина. Киев беше бомбардиран првпат од 26 јуни, а погоден е и Лавов на запад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Свет
Германија го отфрли законот за построги мерки против мигрантите
По жестока дебата, Бундестагот денеска го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ за намалување на приливот на мигранти.
„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, изјави претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидатот за канцелар на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц по гласање во Бундестагот.
Тој додаде дека се обидел да ги убеди претставниците на актуелната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие одбиле.
„Миграционата политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, коментира Мерц.
Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.
Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се создаде можност за компромис што ќе овозможи усвојување на законот без гласовите на десничарската популистичка АфД.
Свет
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во Швајцарија
Двајца Холанѓани загинаа во лавина во близина на Давос, Швајцарија, соопшти швајцарската полиција.
Загинатите биле мажи на возраст од 35 и 31 година, кои биле на скијање, пишува NL Times.
Двајцата, заедно со швајцарскиот инструктор за скијање и уште едно лице, вчера наутро тргнале од селото Сертиг-Дерфли во југоисточна Швајцарија.