Свет
НАТО за Северен тек: Силно ќе одговориме на нападите врз инфраструктурата
НАТО излезе со соопштение поврзано со експлозиите на Северен тек 1 и 2.
Алијансата ги повика сите земји членки да се приклучат кон заедничката изјава.
„Оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во меѓународните води во Балтичкото Море предизвикува длабока загриженост. Сите моментално достапни информации укажуваат дека ова е резултат на намерна, непромислена и неодговорна саботажа.
Протекувањето предизвикува ризици за испорака на енергетски производи и значителна штета на животната средина. Ги поддржуваме тековните истраги за да се утврди причината за штетата.
Како сојузници, се обврзавме да се подготвиме за одвраќање и одбрана од употреба на сила против производителите на енергија и одбрана од други хибридни тактики на државните и недржавните актери. Секој намерен напад на важната инфраструктура на сојузниците ќе наиде на единствен и решителен одговор“, се вели во соопштението на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

