Свет
Најмалку тројца загинати во Херсон, Зеленски жестоко ги критикува Обединетите нации и Црвениот крст
Најмалку три лица загинаа во поплавите што се случија по уништувањето на браната „Нова Каховка“ на југот на Украина.
Според украинските власти во тој регион, три лица се удавиле.
Во своето обраќање синоќа Зеленски рече дека е невозможно да се предвиди колку луѓе ќе загинат како резултат на поплавите во Херсон, окупиран од Русија. Тој го повика светот да одговори и да им помогне на жртвите.
Зеленски жестоко ги критикува ОН и Црвениот крст обвинувајќи ги дека не им помогнале во ваква тешка ситуација.
„Нашите војници и специјалци максимално ги спасуваат луѓето и покрај престрелките. Но, акцијата треба да биде многу поголема. Потребни ни се меѓународните организации веднаш да се вклучат во спасувачките операции и да им помогнат на луѓето во окупираните делови на Херсон“, рече Зеленски.
Тој посочи дека ако меѓународна организација не е присутна во загрозена зона, тоа значи дека организацијата не постои или дека е ненадлежна.
„Многу часови по катастрофата, тие не се тука. Немавме одговор. Шокиран сум“, изјави Зеленски за „Билд“, „Ди Велт“ и за „Политико“.
Уништувањето на браната во близина на линијата на фронтот во Украина поплави десетици села и делови од блискиот град, што ги зголеми стравувањата од хуманитарна катастрофа. Официјални лица рекоа дека илјадници луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови, а многумина веќе го прават тоа без помош. Зеленски тврди дека руските окупаторски власти „не се ни обиделе да им помогнат на луѓето“.
„Окупаторите ги оставаат луѓето во страшни услови. Без вода“, рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напад, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

