Свет
Најмалку 20 загинати во тајфунoт на Филипините
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/filipini-tajfun.jpg)
Најмалку 20 луѓе загинаа во налет на супертајфунот Раи на Флипините, информираше локалната служба за итни случаи.
Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветрот на островот Сијарго достигна 195 километри на час.
Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната стража и противпожарната служба.
Тајфунот Раи вчера стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација, а вечерва продолжи да се движи низ Јужното Кинеско Море кон Виетнам. Ветрот е ослабен и достигнува 155 километри на час.
Супертајфунот е силен циклон еднаков на ураганот од највисоката категорија (пет) во САД. Во светот во просек годишно има околу пет вакви тајфуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Пронајдена ДНК на млад човек (23) на телото на убиеното 11-годишно девојче во Франција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/ubiena-luiz-francija.jpg)
На телото на жртвата е пронајдена ДНК од младиот маж осомничен за убиството на девојчето Луиз (11) во Франција, јавуваат француските медиуми.
Продолжува истрагата за убиството на Луиз, која беше пронајдена мртва во саботата во шума во Есон.
Осомничениот Овен Л. (23) е уапсен во понеделникот вечерта, а медиумите јавуваат дека станува збор за млад човек кој живее во истата област со девојчето.
Тој имал гребаници на рацете и неговото алиби содржи неколку контрадикторности, објавија медиумите. Покрај него, уапсени се уште три лица – неговите родители и неговата девојка.
Според „БФМТВ“, на рацете на жртвата била пронајдена ДНК на главниот осомничен.
Овен Л. веќе и бил познат на полицијата за помали прекршоци, вклучително и чин на насилство, дознава француската телевизија од извор близок до истрагата.
Луиз исчезна во петокот откако не се врати дома од училиште. Беше започната масовна потрага, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено под дрво во шумата во саботата.
Регион
Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и се здобил со тешки изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/voz-struja.jpg)
Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.
„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.
Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.
Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.
Регион
Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-105241.jpg)
Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.
Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3,35 до 4,23 часот.
Во 6:21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.
Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност која започна на почетокот на февруари.
Од 1 февруари, повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Киклади, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.
Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.