Свет
Најмалку 23 лица загинаа на протестите во Ирак

Најмалку 23 лица загинаа во протестите во Ирак, соопштија властите, пренесе агенцијата АП.
Нереди имаше во Багдад, Насирија, Амарa, Самави и во уште неколку ирачки градови.
Како што соопшти висок претставник од ирачката безбедност, демонстрантите во Багдад загинале кога безбедносните сили истрелале бојна муниција да ги растераат.
Тој рече дека полицијата употребила и солзавец и гумени куршуми против демонстрантите што протестираат поради лошите услови за живеење во Ирак.
До насилство во Насирија дојде кога ирачката шиитска милитантна група Асаиб Ал ал-Хак отвори оган врз група демонстранти што се обиделе да влезат во нејзината локална канцеларија. Во исто време во јужниот град Амара повредени се најмалку 18 лица кога демонстрантите се обиделе да влезат во канцелариите на локалната милиција.
Претходно, медиумите јавија дека демонстранти ги запалиле канцелариите на шиитски политички партии и шиитската милиција во јужната ирачка провинција Мутана. Гореле и канцелариите на движењето „Хикма“ и на групата Ашаиб Ал ал-Хак.
На фотографиите што беа споделени се гледаа демонстрантите додека ги уриваат бетонските бариери и оградите од боцкава жица што ги штитат владините згради во утврдената зелена зона.
Ирак е сведок на антивладини протести на национално ниво од почетокот на октомври во кои се бараше акција за надминување на високата невработеност на младите, сиромаштијата, лошите услуги и корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).