Свет
Најмалку 54 лица загинаа во камионска несреќа во Мексико
Најмалку 54 лица, претежно мигранти од Централна Америка, загинаа во камионска несреќа во јужната мексиканска држава Чиjапас, соопштија синоќа властите, во една од најтешките сообраќајни несреќи во земјата во последните години.
Несреќата се случила кога голем камион со приколка се превртел на опасна кривина, изјави шефот на агенцијата за цивилна заштита во Чиjапас, Луис Мануел Гарсија.
Меѓу загинатите има мажи, жени и деца. Во несреќата повредени се и 58 лица, кои се префрлени во блиските болници, изјави Гарсија. Тројца oд нив добиле тешки повреди.
Мигрантите што бегаат од сиромаштијата и насилството во Централна Америка обично патуваат низ Мексико за да стигнат до границата со САД, а понекогаш се даваат во бегство во големи камиони организирани од шверцери во исклучително опасни услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.
„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и на Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24. состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.
Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.
Регион
(Видео) Автомобил удри во група луѓе во Белград, има повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица кога автомобил се судри со група луѓе.
Екипата за итни случаи е на местото на настанот, пренесуваат тамошните медиуми.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Според очевидци, две лица биле заробени под возилото.
„Неколку лица се повредени. Според неофицијални информации, возачот починал зад воланот“, се вели на инстаграм-профилот на 192.rs.
Свет
Венс ги отфрли шпекулациите за соперништво со Рубио
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека не го гледа државниот секретар на САД, Марко Рубио, како соперник и покрај шпекулациите за можно соперништво пред претседателските избори во 2028 година, објави „Хил““.
Во интервју за „Фокс њуз“, Венс рече дека ниту тој ниту Рубио нема право на претседателската функција и дека ќе разговара за идните претседателски планови со американскиот претседател Доналд Трамп, дури по среднорочните избори в година, односно меѓуизборите за Конгресот.
„Ќе направиме сè што можеме за да ги добиеме меѓуизборите, а потоа, потоа ќе седнам со претседателот на Соединетите Американски Држави и ќе разговарам со него за тоа“, рече Венс нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на сегашноста и на работата на администрацијата.
Фото: принтскрин

