Свет
На двегодишно дете од Пакистан му треба редок тип крв за да преживее
Двегодишната Заинаб Мугал има една од најретките крвни групи во светот. Таа се бори со рак и за да преживее, има потреба од трансфузија на крв од 7 до 10 донори, кои досега не се пронајдени.
Тоа е затоа што тие се толку ретки во светот. Странските медиуми пишуваат дека само луѓето од пакистанско, индиско или иранско потекло, кои имаат ист вид крв како Заинаб, чие семејство потекнува од Пакистан, веројатно ќе се поклопат со неа. Помалку од 4 отсто од луѓето во овие популации може да се совпаднат, според OneBlood, непрофитна организација од јужна Флорида, која помага во глобалната потрага по донори за детето.
„Имаме нула проценти шанси да пронајдеме компатибилна крв за ова мало девојче ако ги разгледуваме речиси сите друга етнички групи“, рече Фрида Брајт, лабораториски менаџер со OneBlood. „Ние бараме во целиот свет за да најдеме крв за ова мало девојче„.
OneBlood вели дека идеално би било да се пронајдат донори од овие етнички групи што живеат во САД. Крвната група на човекот е определена од антигени. Во крвта на Заинаб недостиг антиген наречен Indian B и нејзиното тело ќе ја нападне трансфузираната крв што го содржи. Затоа, на нејзните донори треба да им недостига ваков антиген. Покрај тоа, тие мора да имаат крв од типот О или А.
„Таквите донори се исклучително ретки“, вели Сандра Нанс, директор на американската програма за ретки донори. Нанс вели дека програмата следи најмалку 59 вида ретка крв и има над 120.000 регистрирани донори. Според неа, ниту еден донор не одговара на крвната група на Заинаб откако претходно беа пронајдени тројца компатибилни донори во САД и еден во Велика Британија.
Но, бидејќи е потребно уште крв, организацијата е во потреба по нови донори.
Таткото на девојчето моли за помош. „Ако сте од Блискиот Исток, ве молиме да излезете и да дадете крв за мојата ќерка“, рече тој. „Животот на мојата ќерка многу зависи од крвта“, вели Рахел Мухал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонската премиерка Такаичи освои историска победа на изборите
Ризичниот потег на премиерката на Јапонија, Санае Такаичи, да распише предвремени избори ѝ донесе убедлива победа – нејзината владејачка Либерално-демократска партија освои повеќе од 310 од 465 пратенички места во долниот дом, јави „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на анкетите на јапонската телевизија NHK.
Ова е првпат по Втората светска војна една партија да има двотретинско мнозинство во парламентот. Тие сега можат да предлагаат уставни измени и да ги надгласуваат блокадите во горниот дом.
Такаичи, првата жена на чело на јапонската влада, ја доби поддршката на гласачите само четири месеци откако стана премиерка. Во јавноста е популарна по нејзината работна етика, активноста на социјалните мрежи, како и заедничките настапи со светски лидери – меѓу кои и импровизирано свирење на тапани со јужнокорејскиот претседател.
Победата ѝ овозможува силен мандат за справување со економските предизвици, слабата валута и влошените односи со Кина. Тесно соработува и со американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ даде „целосна поддршка“.
И покрај позитивниот имиџ, Такаичи беше критикувана поради нејзини изјави за Тајван и интензивниот работен ритам – состаноци до 3 часот наутро. Нејзиниот коментар дека Јапонија би можела да реагира воено ако Кина нападне Тајван доведе до дипломатски тензии со Пекинг.
Свет
Бабиш ја повика Европа да почне преговори со Путин
Чешкиот премиер Андреј Бабиш повика Европа да започне преговори со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа денеска чешките медиуми.
„Европските лидери сега почнаа да зборуваат дека треба да се преговара со Путин. Порано, кога унгарскиот премиер Виктор Орбан беше кај Зеленски и кај Путин, сите го осудуваа тоа“, потсети Бабиш, пренесува порталот TN.
Тој ги повика европските земји да воспостават директен дијалог со Москва, оценувајќи дека тоа е неопходен предуслов за примирје.
Бабиш додаде дека Европа не е во состојба самостојно да го запре конфликтот, нагласувајќи дека „клучниот играч во преговорите е американскиот претседател Доналд Трамп“.
Тој потсети дека мир бил близу уште во април 2022 година, но дека тогашниот британски премиер Борис Џонсон го спречил договорот.
„Луѓе умираат во Украина. Мора да има дипломатско решение“, рече Бабиш, додавајќи дека излезот треба да се бара во тековните преговори.
Втората рунда на трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржа на 4 и 5 февруари во Абу Даби.
Свет
„Само Трамп може да ја запре војната“ – украинскиoт министер повика на лидерска средба со Русија
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, изјави дека само американскиот претседател Доналд Трамп може да ја запре војната и повика на директна средба меѓу украинскиот и рускиот лидер за да се решат најтешките прашања во мировните преговори. Според него, од мировниот план од 20 точки останале нерешени само неколку, но тие се „најосетливите и најтешки“ и бараат лидерска интервенција.
Сибиха изрази надеж дека напредокот во разговорите посредувани од САД ќе се искористи пред американските конгресни избори на есен, кои би можеле да го променат фокусот на Вашингтон.
Претходно, претседателот Зеленски откри дека САД предложиле војната да се заврши пред летото. Сè уште не е постигнат договор за прашањето на териториите и нуклеарната централа Запорожје, а бил предложен и план за „енергетско примирје“.

