Свет
На Роналдо му се заканува доживотен затвор
„Од септември 2018 година Обвинителството повторно го разгледува случајот со обвинувањето за силување од 2009 година. Нашите детективи работат на информациите што ги дава жртвата. Оваа истрага е во тек и засега нема да бидат откриени нови детали “, соопшти полицијата во Лас Вегас во кратка изјава.
Поради ова, на Кристијано Роналдо воопшто не му е сеедно, па затоа португалскиот фудбалер конечно се јави во врска со обвиненијата на Кетрин Мајорга, која го обвини дека ја силувал во Лас Вегас во 2009 година. Таа тогаш била студентка која работела во ноќен клуб како хостеса. Роналдо ја поканил да се дружат во неговиот хотелски апартман и потоа, тврди таа, ја силувал, иако во неколку наврати јасно му ставила до знаење дека не сака сексуален однос.
„Тоа се лажни вести, сакаат да се промовираат користејќи го моето име. Јас сум среќен човек и сè е во ред “, коментираше на обвиненијата за силување Кристијано Роналдо во видео со насмевка од уво до уво.
Но, подоцна, веројатно не му беше до смеа. Полицијата во Лас Вегас го потврди случајот за силување од 2009 година. Во исто време, Кетрин Мајорга излезе со нови детали за целиот случај.

Ова би можело да биде почеток на големи проблеми за Роналдо бидејќи во американската сојузна држава Невада нема застарување на силување ако жртвата го пријавила случајот во полиција во период од четири години. Ситуацијата за португалскиот фудбалер е уште потешка ако се земат предвид отежнувачките околности во овој случај – признанието на Роналдо дека ѝ платил на девојката за да молчи! Кога сите негови злодела ќе се соберат, лесно може да ја добие најтешката казна – доживотен затвор! Во Невада со такви престапници нема милост. Во такви случаи, можноста за помилување, т.е. пуштање на условна слобода е можна дури откако сторителот ќе отслужи најмалку 10 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

