Свет
На средбата на Лавров и Кулеба денеска во Турција шефот на украинската дипломатија со „ограничени очекувања“
Денеска Турција ќе биде домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба. Тоа ќе биде нивна прва средба од почетокот на руската инвазија на Украина.
Нив ќе ги пречека турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Анталија, популарно летувалиште меѓу руските туристи. Инаку, и Лавров и Кулеба синоќа пристигнаа во Турција.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ги засилува напорите за посредување од почетокот на кризата, во средата рече дека „Турција може да разговара и со Украина и со Русија во исто време“.
„Работиме на тоа кризата да не се претвори во трагедија“ – нагласи Ердоган, пренесува „Хина“.
Кулеба во видеото на Фејсбук во средата рече дека ќе стори сé што е можно за да ги направи преговорите што е можно поефикасни, истовремено велејќи дека има „ограничени очекувања“.
„Немам големи надежи, но ќе направиме сè за да го извлечеме максимумот. Сè ќе зависи од инструкциите што Лавров ги добил пред средбата“ – рече Кулеба.
Патувајќи за Анталија, Лавров ја напушти Русија за прв пат од почетокот на руската агресија врз Украина на 24 февруари.
Турција, членка на НАТО, е сојузник на Украина, но исто така сака да ги одржува односите со Русија, од кои во голема мера зависи кога станува збор за туризмот и снабдувањето со пченица и енергија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

