Свет
Немири поради недостиг на храна и бензин во Шри Ланка – воведен е полициски час
Во Шри Ланка денеска е воведен полициски час откако претседателот Готабаја Раџапакса вчера воведе вонредна состојба.
– Врз основа на добиените овластувања од претседателот, низ целата држава воведен е полициски час од 18:00 часот до понеделник, 4 април, во 06:00 часот – се наведува во соопштението на Министерството за информации.
Шри Ланка се бори со криза на девизниот пазар, што доведе до девалвација, што влијаеше на плаќањата за увоз на критични стоки, како што се храна, лекови и гориво.
Во Шри Ланка има недостиг на гориво, цените на храната постојано растат, а имаше и протести додека администрацијата се подготвува за разговори со Меѓународниот монетарен фонд бидејќи се загрижени за способноста на државата да ги отплати меѓународните долгови.
Индија минатиот месец се согласи да и додели заем од милијарда долари на Шри Ланка за да го намали недостигот на основни производи, вклучително гориво, храна и лекови.
Раџапакса вчера прогласи вонредна состојба по протестите проследени со насилство поради најтешката економска криза во изминатите неколку децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ (2) во селото Бањско Поље кај Бор, дознава Нова.рс.
Обвинението е доставено до Вишиот суд пред неколку минути.
Двајцата се обвинети дека со автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ удриле девојче, а потоа ја задавиле и ѝ го сокриле телото на позната локација.
Случајот на Данка Илиќ првпат во Србија го активира системот „Најди ме“.
Свет
(Видео) Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата
Според Трамп, Зеленски „навистина сака“ демократите да победат на претседателските избори во САД, бидејќи добива финансиска помош од нив.
„Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата“, рече Трамп.
„Секогаш кога доаѓа во нашата земја, тој заминува со 60 милијарди долари“, изјави републиканскиот претседателски кандидат.
Свет
Бајден денеска за последен пат зборува во Генералното собрание на ОН како претседател на САД
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) како претседател на САД.
Во обраќањето на Бајден пред Генералното собрание и на неговите средби со други светски лидери во Њујорк, главното прашање ќе биде конфликтот на Блискиот Исток и неговите потези во тој поглед, пренесува Гласот на Америка.
Бајден ќе им се обрати на стотици светски лидери кои секоја година се собираат на Генералното собрание на Обединетите нации, а говорот ќе го одржи во многу важен момент, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас Гринфилд.