Свет
Непал: Во авионската несреќа загинаа 68 лица, потрагата по уште четворица патници продолжува утре

Потрагата по уште четворица патници од авионот АТР-72 на Џети ерлајнс, кој денеска се урна во ридовите на Непал, ќе продолжи во понеделник, јавува Ројтерс.
Потрагата е прекината поради темнина, а досега е потврдено дека загинале 68 лица, од 72 кои биле во авионот.
Jeti Airlines ги откажа сите летови закажани за понеделник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал Мадхун бил смртно застрелан во близина на преминот Зиким.
Израелската армија сè уште не го коментираше инцидентот.
Во средината на август израелската армија во градот Газа уби четворица вработени во Ал Џезира.
Израелската војска ја потврди смртта на дописникот Анас ал-Шариф, наведувајќи дека 28-годишникот се претставувал како новинар на Ал Џезира додека водел терористичка ќелија за палестинската милитантна организација Хамас.
Според податоци на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ) и Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) од почетокот на војната во Појасот Газа, октомври 2023 до 11 август во израелските напади загинале Израел 274 новинари и медиумски работници, од кои 269 биле Палестинци.
Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.