Свет
Непал ја укина забраната за социјалните медиуми откога 19 лица загинаа во протестите
Владата на Непал ја укина забраната за социјалните медиуми, што предизвика насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, при што загинаа најмалку 19 лица, објави „Би-би-си њуз“.
Илјадници млади луѓе во понеделникот упаднаа во зградата на парламентот во главниот град Катманду барајќи владата да ја укине забраната за 26 платформи, вклучувајќи ги „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Тие исто така повикаа на решителна борба против корупцијата што ја зафати земјата.
Одлуката за укинување на забраната беше донесена вчера за да се исполнат барањата на „Генерацијата З“, изјави министерот за комуникации и информации, Притви Суба Гурунг. Повеќе од 100 лица беа повредени во протестите, кои се проширија и во други градови.
Платформите за социјални медиуми, како „Инстаграм“, имаат милиони корисници во Непал и се клучна алатка за забава, информации и за бизнис. Владата ја оправда забраната, која беше воведена минатата недела велејќи дека е за борба против лажните вести, говорот на омраза и онлајн-измамите.
Но, младите луѓе што излегоа на улиците велат дека нивниот протест е и против авторитарниот став на владата. Многумина носеа транспаренти, на кои пишуваше „доста е“ и „крај на корупцијата“. Некои демонстранти фрлаа и камења кон куќата на премиерот во неговиот роден град Дамак.
Една од демонстрантите, Сабана Будатоки, претходно изјави за Би-би-си дека забраната за социјални медиуми е само изговор за собирање.
„Наместо да се забранат социјалните медиуми, мислам дека фокусот на сите е на корупцијата“, објасни таа додавајќи: „Ја сакаме нашата земја назад. Дојдовме да ја запреме корупцијата“.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

