Свет
Нетанјаху: Збогатувањето на ураниумoт е доказ дека Иран тежнее кон нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека збогатувањето на ураниумот до 20 проценти е ирански потег што го крши нуклеарниот договор со големите сили од 2015 година и дека докажува оти Иран развива нуклеарно оружје, објавија израелските медиуми.
„Одлуката на Иран да продолжи со кршење на своите обврски, да го зголеми збогатувањето и да промовира подземни објекти за индустриско збогатување на ураниумот не може да се објасни на кој било друг начин, освен со желбата да продолжи со остварување на целта за развој на воена нуклеарна програма“, рече израелскиот водач, кој се противеше на споменатиот договор.
Нетанјаху посочи дека Израел, кој има своја програма за нуклеарно оружје, а чие постоење израелските водачи никогаш не го потврдиле или негирале, нема да дозволи Иран да произведува нуклеарно оружје.
Иран почна да збогатува ураниум до 20 проценти во подземен објект, изјави портпаролот на иранската влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“

По кратко и тешко боледување денес почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на „Гранд продукција“, еден од највлијателните луѓе во српскиот шоу-бизнис. Роден е на 24 април 1954 година во Нови Сад.
„Со неискажлива тага ја известуваме јавноста дека денеска, по кратко и тешко боледување, почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција. Александар Саша Поповиќ низ децениската работа беше визионер и посветен професионалец. Преку музиката и телевизијата, тој откри и поддржа бројни таленти, обликувајќи го звукот и духот на една ера“, соопштија од продукцијата.
Како млад имал голема љубов кон фудбалот, а извесен период тренираше во клубот Војводина.
Неговиот татко бил мултиинструменталист и пејач на Радио Војводина, поради што сакал неговиот наследник да влезе во светот на музиката и да почне да свири хармоника.
Многумина го паметат од периодот кога свиреше хармоника и беше дел од групата „Слатки грех“, но во светот на музиката влезе многу порано.
Во 1976 година го основа бендот „Лира шоу“, кој изведуваше народна музика. Бендот се засили кога им се придружи Лепа Брена како водечка пејачка.
После тоа, во 1982 година, групата го менува името во „Слатки грех“ и тргнува на турнеја низ поранешна Југославија, постигнувајќи голем успех.
Свет
Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна

Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.
„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.
Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.
Папата Франциско вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.
Свет
Сијарто: На состанокот меѓу Зеленски и Трамп беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки животи, ниту за милијарди евра, само за да продолжи војната“, објави Сијарто на мрежата Икс.
Тој рече дека „залагањето за мир“ на Трамп бил најважниот момент во последните три години од војната во Украина.