Свет
Нетанјаху: Израел подготвен да продолжи со нападите врз Газа, кампањата не е завршена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека кампањата против палестинските милитанти во Појасот Газа ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на Израелците што живеат на југот на земјата по интензивната размена на ракетен оган меѓу двете страни во текот на викендот, пренесува „Тајмс оф Израел“.
„Во изминатите два дена со голема сила ги нападнавме Хамас и Исламскиот џихад, погодивме над 350 цели, нападнавме терористички лидери и оперативци и ги уништувавме терористичките градби, а кампањата не е завршена и бараме трпеливост и мудрост. Подготвеи сме да продолжиме. Целта беше – и останува – да се обезбеди мир и безбедност за жителите на југот“, рече Нетанјаху.
Претходно, денеска, медиумите објавија дека палестинската управа и Израел постигнале договор за прекин на огнот, кој требаше да почне утрово, но Тел Авив не коментира за веродостојноста на извештајот. Сепак, израелските одбранбени сили соопштија дека безбедносните ограничувања во јужните делови на земјата биле укинати.
Според извештаите во медиумите, во меѓусебните ракетни напади загинаа четири Израелци и најмалку 25 Палестинци.
Тензиите меѓу Израел и енклавата ескалираа на 4 мај кога стотици ракети беа лансирани во правец на Израел од Појасот Газа поради што израелската војска се одмазди. Израелските одбранбени сили подоцна информираа дека во изминатите 48 часа од Газа биле лансирани 690 ракети, од кои 240 биле пресретнати од системите за воздушна одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.
Свет
„Би-Би-Си“: Договорот за прекин на огнот во Газа можеби е најкревкиот во историјата на Блискиот Исток
Иако во Газа е постигнат договор за прекин на огнот, Блискиот Исток останува симбол на сложената историја исполнета со конфликти, краткотрајни мировни договори и прекршени договори.
Секој нов договор доаѓа со товар на недоверба и гнев, зацврстувајќи ги позициите на екстремните фракции. Сегашниот договор, сепак, можеби е најкревкиот досега, со Газа во урнатини, а Израел сè уште се оптеретува од последиците од 7-ми октомври.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговите десничарски сојузници цврсто ја отфрлаат идејата за палестинска држава, и покрај широкиот консензус дека тоа е единствениот пат кон траен мир. Иако анкетите покажуваат пад на довербата во решението за две држави, повеќе од 60 отсто од Палестинците и израелските Евреи претпочитаат мир и нормализација врз основа на овој модел, наместо продолжување на војната.
Регионалниот контекст дава надеж – регионалните сили покажуваат поголем ангажман, додека САД, под водство на новиот претседател Доналд Трамп, кој очигледно е подготвен да преземе одлучувачки чекори, продолжува да игра клучна улога. Времето ќе покаже дали овој договор може да донесе промени. Историјата учи дека мир можат да постигнат само оние кои учествувале во конфликтот, а прашање е дали овојпат ќе има доволно волја за тоа.