Свет
Нетанјаху: Нема да дозволиме Иран да создаде нуклеарни бомби
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот изјавил дека Израел не е изненаден од најавите на Иран за да го зголеми капацитетот за збогатувањето на ураниум и повторил дека неговата земја ќе настојува да го запре Техеран во намерата да добие нуклеарно вооружување, пишува „Ројтерс“.
„Пред два дена ајатолахот Хаменеи ја соопшти неговата намера да го уништи Израел. Вчера соопшти како ќе го направи тоа – преку неограничено збогатување со ураниум со цел да се создаде арсенал нуклеарни бомби. Не сме изненадени и нема да му дозволиме на Иран да добие нуклеарно вооружување“, рекол Нетанјаху.
Тој во моментот е во посета на Франција како дел од неговата тура за да ги убеди европските земји да го следат Вашингтон во напуштањето на нуклеарниот договор, кои светските сили го потпишаа со Техеран во 2015 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Си-ен-ен: Русија го зазеде клучниот град Вугледар во источна Украина, војници мавтаа со руско знаме над урнатините
Русија го зазеде клучниот источноукраински град Вугледар ставајќи крај на повеќемесечниот отпор, а снимките потврдени од Си-ен-ен покажаа војници како мавтаат со руско знаме над урнатините на градското собрание во разурнатиот град, во кој неговото население се намали од 14.000 на помалку од 100.
Вугледар, град изграден околу рудник за јаглен (неговото име доаѓа од украинскиот збор за јаглен), се наоѓа на 50-ина километри јужно од Покровск, кој во последните месеци се смета за главен фокус на руските напади на исток.
Иако не е транспортен и логистички центар како Покровск, Вугледар беше силно утврден и се сметаше за клучен бастион на раскрсницата на источниот и јужниот фронт на Украина.
Свет
Во Хрватска има закана од поројни поплави, најпогодена Истра
Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми.
Поради силниот дожд што го донесе циклонот, кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на удар се Истра и Кварнер, јави ХРТ.
Најмногу дожд наврна во поширокото подрачје на Риека, меѓу 100 и 200 милиметри на квадратен метар, пренесува „Истрамет“.
Свет
(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета
Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката.
Експлозијата остави голем кратер и откажа повеќе од 80 лета, но нема повредени, соопштија јапонските власти.
Во моментот на експлозијата на аеродромот „Мијазаки“ во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.
Видеото снимено од блиското воздухопловно училиште покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух.
Видеоснимката емитувана на јапонската телевизија покажа кратер на сообраќајницата, наводно со дијаметар од приближно 7 метри и длабочина од 1 метар.
🌐 Breaking News: Explosion at Miyazaki Airport? ✈️💥
This morning, an explosion was reportedly captured on the information camera at Miyazaki Airport at 7:58 AM, sending plumes of dust into the air.
The airport office has confirmed that a sinkhole was found on the taxiway… pic.twitter.com/LPwA0VKsPp
— Currently JAPAN (@Currently_JAPAN) October 2, 2024
Аеродромот „Мијазаки“ бил изграден 1943 година како полигон за обука на поранешната Империјална јапонска морнарица, од која некои од пилотите „камикаѕе“ полетале во самоубиствени мисии.
Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во областа, соопштија претставници на Министерството за одбрана.
Стотици тони неексплодирани бомби сè уште се закопани низ Јапонија.