Свет
Нетанјаху: Нема да има траен прекин на огнот во Газа додека Хамас не биде уништен
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека нема да има траен прекин на огнот во Газа додека не се уништат воените и управувачките способности на Хамас.
Неговите коментари во соопштението објавено на интернет дојдоа откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека Израел предложил трифазен договор за прекин на огнот во Газа во замена за ослободување на заложниците од Хамас.
„Условите на Израел за завршување на војната не се променети: уништување на воените и управувачките способности на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху.
„Израел ќе продолжи да инсистира овие услови да се исполнат пред да се воспостави траен прекин на огнот. Идејата дека Израел ќе се согласи на траен прекин на огнот пред да се исполнат овие услови не доаѓа предвид“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Папата Франциско повторно е тешко настинат: „Ве молам простете ми, тешко ми е да зборувам“
Папата Франциско не ја прочита својата порака до аџиите на денешната општа аудиенција поради силната настинка.
Франциско (88) во последните две години неколку пати страдаше од грип и поврзани респираторни проблеми. „Ве молам простете ми, но со толку лоша настинка, тешко ми е да зборувам“, накратко рекол Франциско.
Подготвената порака на присутните им ја прочитал еден од неговите помошници. Иако зборуваше малку, папата остана присутен во текот на целочасовната аудиенција.
Покрај респираторните проблеми, Папата има тешкотии и во движењето поради болните колена, а неодамна двапати падна во својата резиденција во Ватикан, при што во декември го повреди образот, а овој месец раката.
Свет
(Видео) Еден убиен, петмина повредени во пукање во Охајо, напаѓачот е во бегство
Вооружен напаѓач уби едно лице и рани пет во вторникот во зградата на магацин во Њу Албани, соопштија градските власти.
Напаѓачот е идентификуван и полицијата „работи на фаќање на осомничениот“, се вели во соопштението на градската управа на Њу Албани. Сите вработени се евакуирани од магацинот, се додава.
BREAKING: “Active shooter situation at KDC/One” – New Albany PD
Police say there are multiple victims and several people transported to the hospital.
The suspect or suspects are unknown at this time, according to police. They’re asking people to stay away from the area. pic.twitter.com/WxMwSULp8r
— Isabelle Hanson (@IsabelleWSYX6) February 5, 2025
Инцидентот се чини дека е „насочен тип на напад“, изјави началникот на полицијата во Њу Албани, Грег Џонс, за „Ен-би-си 4“, без да даде детали.
Тој додаде дека пред пукањето немало расправија, а не се соопштува ниту мотив.
На местото на настанот е пронајдено огнено оружје, се вели во извештајот.
Петмина повредени се пренесени во болница.
Свет
(Фото) 70% од Газа е уништена
Газа претрпе огромно уништување во текот на 15-те месеци војна.
Повеќе од 46.000 Палестинци се убиени, според Министерството за здравство на Хамас, а голем дел од инфраструктурата е целосно срамнет со земја во израелските воздушни напади.
Сателитскиот центар на Обединетите нации (UNOSAT) објави дека 70% од сите згради во Газа се уништени или оштетени, а 68% од патната мрежа во појасот е оштетена или уништена.
Податоците од здравствениот систем покажуваат дека половина од болниците во Газа се затворени, додека останатите се само делумно функционални – што значи дека многу од оние кои се уште се отворени немаат капацитет да лекуваат хронични болести и сериозни повреди.