Свет
Нетанјаху ја одложи посетата на Емиратите поради несогласување со Јордан
Кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху денес објави дека е откажана посетата на израелскиот лидер на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) поради несогласувања со јорданската влада, пренесува АП.
Агенцијата наведува дека кабинетот на израелскиот премиер преку соопштение објави дека посетата е привремено одложена поради тешкотии во координирањето на неговиот лет во јорданскиот воздушен простор.
Кабинетот соопшти дека несогласувањето со Јордан настанало поради претходното откажување на посетата на јорданскиот наследник на престолот на светилиштето во Ерусалим, што го почитуваат и муслиманите и Евреите, а кое се случило затоа што немало договор за безбедносни мерки, пренесува АП.
Израелските медиуми јавија дека принцот на Јордан, престолонаследникот Хусеин бин Абдула Втори, планирал да го посети светото место во Ерусалим, но се вратил од граничниот премин поради несогласувања со израелските власти за бројот на членови на неговата вооружена придружба.
Јорданската влада не одговори веднаш на барањето на агенцијата за коментар по ова прашање, а претходно беше објавено дека денешната хоспитализација на сопругата на израелскиот премиер, Сара Нетанјаху, поради слепо црево го довела во прашање неговото историско патување во ОАЕ пред изборите во Израел.
ОАЕ е трета арапска земја по Египет и Јордан што во август воспостави официјални дипломатски односи со Израел, наведува агенцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

