Свет
„Не ти е ова Дизни“ – луѓето бесни на маж кој продаваше сладолед пред вратата на смртта во Аушвиц
Пред поранешниот нацистички логор на смртта Аушвиц е поставено комбе што продава сладолед.
Потегот предизвика остри осуди од музејот во Аушвиц и реакции дека е невкусно и претставува непочитување на симболот на злото. Човекот со комбе со сладолед и вафли, ja паркирал својата мобилна продавница буквално пред влезот во кампот, т.е. до таканаречената „Врата на смртта“.
Во близина поставил и пренослив тоалет со лого „Ледена љубов“.
Портпаролот на музејот, Павел Савицки, рече: „Ова е пример не само за естетски невкус, туку и за непочитување на блискиот посебен историски локалитет. Сепак, тој се наоѓа надвор од заштитната зона на Меморијалот на Холокаустот, па за жал немаме никакво влијание врз тоа. Веруваме дека надлежните локални власти ќе го решат овој непријатен проблем“.
Еден од жителите, цитиран од локалните медиуми, изјави дека комбето со сладолед во овој контекст покажува „непочит кон жртвите. На крајот на краиштата, тоа се најголемите гробишта во светот!“.
Друг изјави за Дејли Мејл: „Аушвиц не е тематски парк. Тоа не е камп на Дизни каде што на луѓето може да им се дозволи да шетаат и да јадат вафли, виршли или сладолед пред, за време или откако ќе ги доживеат ужасите што се случија овде. Живеете секој ден во сенките на оваа ужасна историја“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Пожарникарите во Нов Зеланд повторно ја започнаа борбата со неконтролиран шумски пожар што зафати повеќе од 1.000 хектари во националниот парк „Тонгариро“ на Северниот остров, соопшти утринава противпожарната и спасувачка служба.
Пожарот започнал вчера попладне во популарната туристичка област „Тонгариро“, а околу 40 туристи биле евакуирани по воздушен пат. Акциите биле привремено прекинати преку ноќ поради безбедносни причини.
Заменик-командантот на противпожарната служба Ник Вест изјави дека пожарот се проширил во текот на ноќта, но засега нема информации за оштетени објекти или дополнителни евакуации.
Вест најави дека денеска преку воздушно извидување ќе се потврдат размерите на пожарот, а според првичните проценки, неговото ставање под контрола би можело да потрае уште најмалку еден ден.
Во акцијата се вклучени шест противпожарни возила и пет цистерни за вода, поддржани од шест хеликоптери и два авиони, соопшти службата.
Свет
Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, упати остри критики кон актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп, посочувајќи дека тој го уништува не само Источното крило на Белата куќа, туку и целата земја, јави ДПА.
– Знаев дека Трамп ќе преземе деструктивни дејствија против земјата, но морам да признаам дека немав претстава дека ќе стане вистински уништувач, рече Бајден на гала-вечера на Демократската партија во градот Омаха, Небраска.
Поранешниот претседател демократ, кој сега има 82 години, ова го кажа во врска со проектот на Трамп на местото на Источното крило на Белата куќа да се изгради сала за балови. Трамп претходно изјави дека неговите планови за таква сала „нема да влијаат на зградата во нејзиниот сегашен изглед“.
– Ова е совршен симбол на неговото претседателствување, посочи Бајден.
– Трамп презеде деструктивни дејствија не само против домот на народот, туку и против Уставот, владеењето на правото и самата наша демократија, додаде поранешниот претседател.
Бајден директно му се обрати на Трамп во својот говор, изјавувајќи дека со своето однесување актуелниот шеф на државата ги посрамил САД и ги издигнал интересите на богатите над оние на обичните Американци.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.

