Свет
Нобеловата награда за мир за која беа номинирани Заев и Ципрас, доделена на премиерот на Етиопија
Абиј Ахмед, премиерот на Етиопија, кој стави крај на конфликтот на неговата земја со Еритреја е овогодинешен добитник на Нобеловата награда за мир.
Лидерите на Етиопија и Еритреја минатото лето потпишаа договор за обнова на дипломатските односи и официјално ставија крај на дводецениското непријателство меѓу двете источноафрикански земји.
„Кога Абиј Ахмед стана премиер во април 2018 година, тој јасно стави до знаење дека сака да ги продолжи мировните преговори со Еритреја. Во тесна соработка со претседателот на Еритреја, Ахмед брзо ги разработи принципите за мировен договор со кој ќе се стави крај на долгорочниот ќор-сокак меѓу двете земји“, соопшти Комитетот.
Зоран Заев и Алексис Ципрас, премиерот на Северна Македонија и поранешниот грчки премиер, беа номинрани за Нобеловата награда за мир за 2019 година поради Договорот од Преспа, со кој се надмина дводеценискиот спор за името.
Номинацијата на Заев и Ципрас на 18. декември минатата година во Скопје ја објави добитничката на Нобеловата награда за мир во 2015 година, Уидед Бушамауи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Волстрит журнал“: Трамп во својот говор ќе повика на револуција на здравиот разум
„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево.
Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех.
Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи виталноста на најголемата цивилизација во историјата.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-ен-ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така ги поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници што ги држеше Хамас.
„Олеснување е, конечно, да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарната помош, примирјето да стапи во сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата Х.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата Х.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците, кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На годинешниот собир ќе присуствуваат речиси 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре по денешното официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени со мотото „Соработка за интелигентна доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека годинешниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на својот мандат. В четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.