Свет
Нобеловецот Џејмс Вотсон остана без почесните титули поради расизам
На американскиот добитник на Нобелова награда, Џејмс Вотсон, кој ја откри структурата на ДНК, му се одземени почесните титули бидејќи ги повтори расистичките коментари во новиот документарен филм, објави Си-ен-ен.
Вотсон, кој заедно со Френсис Крик ја откри структурата на ДНК во 50-тите години, во документарниот филм вели дека гените се одговорни за разликата во интелигенцијата меѓу црнците и белците.
Лабораторијата „Колд спринг харбур“ ги осуди коментарите на Вотсон, кој беше директор на таа лабораторија од 1968 до 1993 година.
Лабораторија соопшти дека недвосмислено ги отфрла неоснованите и безобѕирни лични ставови што ги изнесе д-р Џејмс Вотсон додавајќи дека неговите изјави беа осудени и дека немаат никаква врска со науката.
Лабораторијата ја осудува злоупотребата на науката со цел да ги оправда предрасудите, се вели во соопштението.

Вотсон претходно за британскиот весник „Сандеј тајмс“ во 2007 година изјави дека е длабоко загрижен за иднината на Африка бидејќи сите наши општествени политики се врз основа на фактот дека нивната интелигенција е како нашата, а истражувањата го покажуваат спротивното.
Научникот додаде дека иако се надевал дека сите луѓе се еднакви, луѓето што вработуваат црнци откриле дека тоа не е вистина.
Лабораторијата „Колд спринг харбур“ го лиши од сите административни должности поради овие изјави, но ги задржа почесните наслови сè до овој момент.
Додека Вотсон се извини за изјавите од 2007 година, во документарецот „Американските великани: Декодирање на Вотсон“, прикажан на 2 јануари, тој вели дека не се премислил.
Тоа беше последната во серијата расистички и ксенофобични изјави што ја одбележаа кариерата на Вотсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

