Свет
Нови правила за патување со авион: долги редови, потврди и задолжителни маски
Кабински пресонал во заштитни костими, здравствени потврди за патниците, задолжителни маски за лице и долги чекања за пријавување на летот, ќе бидат новата реалност во патничкиот воздушен сообраќај.
Многу луѓе фантазираат за повторно патување со авион, но веројотно летовите ќе се соочат со промени што ќе бидат попроблематични од оние воведените по нападите на 11 септември 2001 година во САД. Покрај стандардните безбедносни проверки што тогаш беа воспоставени, патниците сега ќе се соочат и со серија здравствени протоколи како последица на коронавирусот.
„Пред пандемијата моравме да пристигнеме два часа пред летот. Овој пат, веројатно, ќе биде четири часа порано“, вели Индонезиецот Сујанто по лет на домашна линија. Тој исто така се пожалил на големите редици и долгите проверки, дури и пред да дојде до шалтерот за чекирање.
Патниците таму мора да ја пријават причината за патувањето, да покажат документација дека се без корона, да поминат неколку проверки и да соопштат детали за движењето по слетувањето.
„Скапо е и напорно. Со вакви строги правила мислам дека луѓето ќе размислат двапати пред да решат да патуваат“, истакнал овој 40-годишник, кој платил двојно повеќе за билет од порано бидејќи некои места во авионот морало да останат празни поради пропишаната мерка за физичко растојание.
Експертите велат дека последиците од пандемијата врз воздушниот сообраќај ќе бидат далекосежни. Агенцијата за цивилен транспорт на ОН состави серија упатства за безбедно летање во време на коронавирус, која предвидува од задолжително носење маски до дезинфекција на просторот низ кој поминуваат луѓето.
Покрај тоа, Сојузот за меѓународен за воздушен сообраќај (IATA) ги советува владите пред патувањето да соберат податоци за патниците, вклучително и медицински податоци, и пристапот до аеродромите да го ограничат само за луѓе за кои патувањето е од итни и неодложни причини.
Другите мерки вклучуваат редизајнирање на преминот кон авионите за избегнување турканици, побрзо качување и сместување на патниците во авионот, скратување на процесот на собирање на багажот, па дури и забрана за чекање во групи пред тоалетите за да се намали интеракцијата меѓу патниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Свет
Русија нудела размена на Венецуела за Украина, тврди поранешна советничка на Трамп
Уште во 2019 година, руски функционери наводно му сигнализирале на Вашингтон дека се подготвени за необичен договор: ќе им дозволат на САД слободно дејствување во Венецуела, доколку за возврат им се овозможи непречена контрола над Украина. Ова го тврди Фиона Хил, поранешна советничка на Доналд Трамп, која повторно се најде во фокусот на јавноста по неодамнешниот американски напад врз Венецуела, пишува „Киев индипендент“.
Фиона Хил, тогашна главна советничка на Белата куќа за Русија, ги изнела овие детали за време на сведочењето пред Конгресот во ноември 2019 година, во рамки на истрагата за импичментот на претседателот Трамп. Според неа, Кремљ во април истата година ја изнел можноста да се откаже од своето влијание во Венецуела, во замена за целосна контрола над Украина.
Руски функционери, како што навела Хил, „многу силно сигнализирале дека сакаат некако да направат многу чуден договор за размена меѓу Венецуела и Украина“. Иако предлозите од Москва биле „неформални“, пораката била недвосмислена: „Знаете, вие ја имате вашата Монро доктрина. Нè сакате надвор од вашиот двор. Па, знаете, и ние имаме наша верзија на тоа. Вие сте во нашиот двор во Украина“. Хил додала дека била испратена во Русија за да го отфрли тој предлог.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos

